Close Menu
Press24
    Најново

    Коалиција менуваме: Додека Орце Ѓорѓиевски ужива во сендичот, Скопје за лицата со попреченост останува град останува со пречки

    25.10.2026 во 11:39

    Слаб одѕив во Македонија: Само 265 лица со бугарски пасош се пријавија да гласаат за денешните претседателски избори во Бугарија

    25.10.2026 во 11:29

    Носителот на „Студентите победуваат“ го оствари правото на глас: Очекуваме мирна демократска атмосфера и рекорден одѕив

    25.10.2026 во 11:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Историски пад на СПС на изборите во Србија: За првпат од 1990 година социјалистите остануваат надвор од парламентот
    • СДСМ: Нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови задолжувања
    • Дневен хороскоп: Овенот да избегнува трошоци, Близнаците да внимаваат ан донесување заклучоци
    • Филипче со честитка за Србија: Падна Орбан, падна Вучиќ, сите знаеме кој е следен
    • Политички пресврт во Србија: Студентската листа победи на изборите
    • Страшна несреќа во Македонија – Возачот тешко повреден
    • УХМР ги измери утринските температури – Подгответе се за магла, ветер и дожд
    • Како до побрза дигитализација на компаниите? – Андоновски на панел-дискусија на ФЕИТ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Историски пад на СПС на изборите во Србија: За првпат од 1990 година социјалистите остануваат надвор од парламентот

    Историски пад на СПС на изборите во Србија: За првпат од 1990 година социјалистите остануваат надвор од парламентот

    26.10.2026 во 09:151 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Социјалистичката партија на Србија (СПС) освои 2,3 отсто од гласовите на вонредните парламентарни избори, покажуваат првичните информации. Овој резултат е под изборниот праг од три отсто, што значи дека СПС за првпат од 1990 година нема да има свои претставници во Народното собрание на Србија.

    Доколку се потврди освоениот удел од 2,3 отсто, поддршката за СПС бележи пад од 4,25 процентни поени во однос на изборите во 2023 година, односно за 9,14 процентни поени во споредба со 2022 година.

    Станува збор за убедливо најслаб изборен резултат на СПС од нејзиното основање. За споредба, на парламентарните избори во 2023 година социјалистите освоија 6,55 отсто од гласовите и 18 пратенички места, додека во 2022 година добија 11,44 отсто од гласовите, односно 31 пратеничко место.

    Победник на денешните вонредни парламентарни избори во Србија е „Студентската листа“, која освои најголем број пратенички мандати. Покрај неа, во новиот состав на Народното собрание влегуваат и листата „Обединета Србија“, како и повеќе партии на националните малцинства.

    Според првичните проекции, листата „Студентска листа – Студентите победуваат“ освои 52 отсто од гласовите и 138 пратенички места. На второ место е листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“ со 39,3 отсто од гласовите, што ѝ носи 104 пратенички мандати.

    Прочитај повеќе

    Политички пресврт во Србија: Студентската листа победи на изборите

    26.10.2026 во 08:53

    Многу висока излезност во Србија: До 14 часот својот глас го остварија 46,4 отсто од граѓаните

    25.10.2026 во 14:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.