ОВР Струга поднесе кривична пријава против Е.А.(46) од струшкото село Подгорци поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба“ и „пустошење шума“; информираа од МВР.
При контрола и координирана акција од ОВР Струга и Шумската полиција, извршена на 16.10.2026 во планински појас над истото село, тој бил затекнат во шума во државна сопственост како со моторна пила врши бесправна сеча на немаркирано буково дрво.
По преземени дополнителни мерки било утврдено дека тој исекол вкупна количина од 175 метри кубни огревно буково дрво, со што на Јавното претпријатие „Национални шуми“ му предизвикал материјална штета од 5.250.000 денари.
- И ова е можно: Стружанец успеал да исече 175 кубици дрва во државна сопственост
- Камион прегази жена на булевар во Охрид
- Охриѓанец експресно заврши во притвор поради детска порнографија
- „Син ми е претепан од група врсници“ – Вознемирен татко од Битола се јавил во полиција
- Страшна несреќа на крстосница во Припел: Прегазено 10-годишно дете
- Хорор во Македонија: Запалил сува, по што му изгорела и колата, сопственикот завршил со изгореници
- Манасиевски: Филипче го снема од медиумскиот простор
- Манчев даде отчет за првата година од вториот мандат: Се реализираат проекти за канализација, водовод и патна инфраструктура во Општина Босилово

