Десетгодишно дете од Битола се здобило со тешки телесни повреди откако во него удрил мопед на крстосница во Прилеп.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, сообраќајната несреќа била пријавена вчера во 10:30 часот.
Инцидентот се случил на крстосницата помеѓу булеварот „Гоце Делчев“ и улицата „Прилепски бранители“.
Во сообраќајката учествувал мопед со прилепски регистарски ознаки, кој го управувал 35-годишниот М.И. од Прилеп.
По ударот, малолетното дете било веднаш пренесено во Градската општа болница во Прилеп, каде што лекарите му констатирале тешки телесни повреди.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Прилеп со цел утврдување на сите причини за настанот.

