Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Божиновска и Азески на средба за стратешките приоритети во енергетиката и рударството
    • „Летала“ со автомобилот: 24 годишна девојка од Подмочани возела 142 км/ч на место каде дозволено е 50
    • Црна Гора го преименува базенот во Котор: Исполнето барањето на Хрватска на патот кон ЕУ
    • По немирите во Франција: Владата ветува остра безбедносна реакција и засилено присуство на полицијата
    • Божиновска: Поддршката за стабилноста на пазарот на горива продолжува
    • Трамп: Ѝ дадовме многу на Украина, тие нам ништо не ни дадоа
    • Ученик нападнат на голем одмор, еден од напаѓачите извадил пиштол
    • Проверете си ги сметките: Во тек е исплатата на родителски додаток за дете
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Божиновска и Азески на средба за стратешките приоритети во енергетиката и рударството

    Божиновска и Азески на средба за стратешките приоритети во енергетиката и рударството

    20.10.2026 во 18:482 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари работна средба со претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, на која се разговараше за имплементацијата на стратегијата за рударство, подготовката на новата стратегија за енергетика и унапредувањето на законската регулатива во областите во надлежност на Министерството – соопштија попладнево од кабинетот на министерката.

    Во фокусот на разговорите била Стратегијата за рударство и нејзината имплементација, за која Азески ја потврдил поддршката на Стопанската комора и бизнис-заедницата. Била истакната важноста од соработка меѓу институциите и стопанството за спроведување на стратешките определби и создавање услови за одржлив развој на рударскиот сектор.

    – Посебно внимание беше посветено и на подготовката на новата Стратегија за енергетика на државно ниво. Стопанската комора изрази подготвеност да учествува во овој процес, заедно со меѓународните партнерски организации. Притоа, беше нагласена потребата, стратешките насоки во енергетиката да одговорат на новите трендови, технолошките промени и актуелните потреби на стопанството, со цел воспоставување функционален систем што ќе го поддржи економскиот раст и развој на државата – информираа од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

    На средбата се разговарало и за можностите за развој на автомобилската индустрија, со посебен акцент на намалувањето на емисиите на штетни издувни гасови и унапредувањето на квалитетот на воздухот. Министерката посочила дека просечната старост на возилата во државата е околу 20 години, додека бројот на електрични возила и инфраструктурата за нивна поддршка се ограничени.

    – Воедно, беше отворено прашањето за потребата од постепено усогласување со современите европски стандарди за емисии и создавање услови за развој на електричната мобилност – се додава во соопштението.

    Соговорниците ја потврдиле подготвеноста за продлабочување на соработката и во унапредувањето на законската регулатива за јавно-приватно партнерство и концесии, области во кои придонесот на бизнис-заедницата, како што се истакнува, е значаен за креирање функционални и применливи решенија.

    – Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини продолжува да ја унапредува соработката со Стопанската комора и стопанството, со цел доследна имплементација на стратешките документи, подобрување на законската рамка и создавање услови за одржлив економски развој – се потенцира во соопштението

    Прочитај повеќе

    Проверете си ги сметките: Во тек е исплатата на родителски додаток за дете

    20.10.2026 во 17:09

    Поевтин дизел за два денари до 2 ноември – Министерството за енергетика ја поздрави одлуката на ОКТА

    20.10.2026 во 16:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.