Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.
Од нив, четири лица управувале возило без положен возачки испит и тоа: А.Р.(18), Б.Р.(26) и Б.К.(33), сите од Скопје и А.Ш.(24) од с.Мала Речица, тетовско. Под дејство на алкохол возеле Е.Ј.(61) од Виница и В.П.(61) од Гевгелија. Додека пак, В.Ж.(57) и 36-годишната Н.З., двајцата од Србија, управувале патнички возила со многу поголема брзина од дозволената. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
- Апсења во повеќе градови во Македонија
- Следната недела доаѓа голем празник
- Најавен полициски час во Франција
- Кочани: Татко се заканувал на својот син – тинејџер
- Гостивар: Мајка го пријавила синот во полиција
- Расчистена кражба во гостиварско: Уапсен 36-годишник кој со закана одзел пари од спортска обложувалница
- Дрога скриена во кампер – Германец падна на Табановце
- Кратовчанка го пуштила кучето без подводник, по што нападнало сограѓанин

