Од електродистрибуција најавија планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија за утре, 20 октомври 2026 година, поради реализација на технички зафати, реконструкција на мрежата и редовно одржување.
Без струја во различни временски интервали ќе останат неколку населени места во општините Гази Баба и Илинден:
- Општина Гази Баба (Сингелиќ):
- Од 08:00 до 11:30 часот, без струја ќе биде дел од улицата Палмиро Тољати (поради активности во ТС Сингелиќ 2).
- Од 08:00 до 13:00 часот, без напојување ќе бидат корисниците од ул. „Среќко Пужалка“ бр. 50 до 60А.
- Од 11:30 до 14:30 часот, прекин е најавен за друг дел од ул. Палмиро Тољати (поради зафати во ТС Сингелиќ 36).
- Од 12:00 до 14:00 часот, без струја ќе бидат објектите на ул. „Среќко Пужалка“ бр. 30 до 35А.
- Општина Илинден (Марино и Нас. Јака):
- Од 09:00 до 13:00 часот, без напојување ќе бидат ул. 2, ул. 3 и ул. 406 во населба Јака.
- Од 09:30 до 13:30 часот, прекин ќе има на улиците 510 и 526 во Марино.

