СВР Струмица поднесе кривична пријава против правен субјект и В.Т.(38) од с.Бориево, Општина Босилово, управител на правниот субјект, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.
Кај правното лице како даночен обврзник и второпријавениот, во период од 01.01.2026 до 28.01.2026 бил констатиран кусок на парични средства со вкупен износ од 3.127.042 денари со цел на дознака – материјални трошоци, кои биле од минати и од тековната година, а истовремено не биле оправдани и не биле вратени на трансaкциската сметка.
На тој начин, пријавените го оштетиле Буџетот на државата за 347.414 денари.
- Фирма од струмичко го оштетила буџетот за 347.414 денари: Поднесена кривична пријава за затајување данок
- Тетовчанец заработи кривична пријава за полово вознемирување на сограѓанка
- Трагедија ја потресе Македонија – загина камионџија
- Падна полицаец од Скопје: Возел без возачка дозвола и со истечена регистрација
- Падна дилер од неготинско
- Тетово: Сопругата го пријавила за семејно настилство, полицијата му пронајде цел арсенал оружје
- (ФОТО) Драма при претрес во Голема Речица: Под кревет криел пиштол, во перница кокаин, сопственикот се заканувал
- Полицијата правеше чистка – казнети над 1.800 велосипедисти и мотоциклисти

