На денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски кој истакна дека навредите кои Филипче ги упатил синоќа од Брвеница укажуваат дека станува збор за личност која го загубила разумот и како што кажа, предавник кој може да ги продаде и државните интереси.
-Изборот на овие избори за Брвеница е помеѓу сигурна иднина за сите граѓани, и избор со кој Брвеница ќе се подели, за жал. Вчера тука беше Венко Филипче. Немаа програма, немаа дела кои ги понудија, но имаа навреди, омаловажувања, арогантен однос. Кажаа некаков проект и освен тоа што видовме неартикулирано викање, беседење и исплашени луѓе на бина, буквално ништо друго не видовме, изјави Мицкоски.
Мицкоски е дециден дека Филипче е во состојба да продаде се само за да стигне до фотелја, потенцирајќи дека за опозициската СДС не постои ништо свето.

