Close Menu
Press24
    Најново

    Одлични вести за возачите: Цената на нафтата падна

    15.10.2026 во 10:14

    Нова голема инвестиција во Македонија – Мицкоски најави 2.000 работни места

    15.10.2026 во 10:06

    „Убавата Ива избегала кај татко и криминалец во Бугарија” – Што пишуваат медиумите од регионот за Михаилова

    15.10.2026 во 09:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски најавува енергетски пресврт: Со двата нови гасоводни интерконектори драматично се зголемува геостратешкото значење на Македонија
    • Хорор во двор од основно училиште во Скопје: Додека малолетници тепале врсник, друг снимал и објавувал на социјални мрежи
    • Поранешниот градоначалник на Струмица, раководителка и управител на фирма заработија кривична
    • „Сопругата ме нападна со нож“ – велешанка приведена среде ноќ
    • Кичевчанец на таван од својата куќа пронашол мина
    • Мотоциклист прегазил жена на крстосница во Скопје
    • Морбиден случај во регионот: Малолетник со автомобил удрил во контејнер, па избегал со мајка му, полицијата го нашла мтров сопругот во багашник
    • Јанев на работилница за компјутерски криминал: Ги зајакнуваме полициските капацитети за справување со дигиталните и хибридните закани
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски најавува енергетски пресврт: Со двата нови гасоводни интерконектори драматично се зголемува геостратешкото значење на Македонија

    Мицкоски најавува енергетски пресврт: Со двата нови гасоводни интерконектори драматично се зголемува геостратешкото значење на Македонија

    16.10.2026 во 13:152 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на гасификацијата до каде е процесот, кој ќе биде бенефитот за граѓаните и кога може да се очекува да заврши, изјави:

    „Во овој момент како никогаш до сега, се градат два гасоводни интерконектори, едниот со нашиот јужен сосед, другиот со нашиот северен сосед. Едниот очекувам да биде синхронизиран и пуштен во употреба до крајот на првата половина од следната година, а другиот очекувам до крајот на 2028 година да биде целосно синхронизиран. Со што драматично, кога велам драматично, драматично ќе се зголеми гео-стратешкото значење на Македонија како земја, а од друга страна, овие два гасоводи ќе значат можност за инвеститори коишто би сакале да инвестираат во производни капацитети на електрична енергија коишто го користат гасот како погонско гориво. Но тоа ќе значи и можност за нас, кога ќе стане збор за реконструкција и модернизација на термоелектраните коишто користат јаглен како погонско гориво, да можеме да направиме конверзија на гас и така да ги зачуваме работните места и така да ги зачуваме тие објекти да продолжат да произведуваат.“

    Во однос на конверзијата, кога ќе се случи тоа, претседателот Мицкоски додаде:

    „Па тоа веќе трае, АД ЕСМ веќе разговара со Светска банка и мислам дека многу скоро ќе имам многу убави вести за тој проект.“

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Текстовите на Кривичниот законик и ЗКП се завршени, до крајот на месецот одат во Европската комисија

    16.10.2026 во 12:19

    Мицкоски: Цената на струјата останува иста до крајот на годината, ќе се бориме да нема зголемување

    16.10.2026 во 12:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.