Close Menu
Press24
    Најново

    Одлични вести за возачите: Цената на нафтата падна

    15.10.2026 во 10:14

    Нова голема инвестиција во Македонија – Мицкоски најави 2.000 работни места

    15.10.2026 во 10:06

    „Убавата Ива избегала кај татко и криминалец во Бугарија” – Што пишуваат медиумите од регионот за Михаилова

    15.10.2026 во 09:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • „19 години без нашиот Тоше” – Игор Џамбазов со емотивна порака
    • Два земјотреси го потресоа соседството
    • ВМРО-ДПМНЕ: Над 470 милиони денари за нови капитални инвестиции во Кичево
    • Мицкоски: „Нови 2.000 работни места – Разликата ја правиме со дела, а не со зборови”
    • Бизарна несреќа: Јован паднал врз жешка ракија, два месеци се бореше за живот
    • Хорор во Белград: Пронајден леш во тунел за ѓубре
    • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
    • Се слави ученикот на апостол Павле и проповедник на христијанството – Денеска помолете се здравје и мир
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „19 години без нашиот Тоше” – Игор Џамбазов со емотивна порака

    „19 години без нашиот Тоше” – Игор Џамбазов со емотивна порака

    16.10.2026 во 09:543 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    19 години без нашиот Тоше…Ова на Фејсбук го напиша македонскиот шоумен Игор Џамбазов.

    -„Смртта на Тоше кај нас Македонците е еквивалент на смртта на Кенеди кај Американците. Сите што живееле на тој можеби најпознат атентат во историјата, точно знаат каде биле во тој момент, со кого биле, што правеле, како реагирале.

    Сите ние вечно ќе го паметиме тој момент и тешко дека ќе го заборавиме”, напиша Игор.

    Деветнаесет години по трагичната сообраќајна несреќа во која го загуби животот Тоше Проески, споменот за македонската музичка ѕвезда продолжува да живее низ неговите песни, хуманоста и традициите што се негуваат во негова чест.

    Еден од најсилните симболи на сеќавањето е маратонското трчање од Нова Градишка до Крушево, со кое маратонците од Хрватска му оддаваат почит на пејачот. Годинава, на 19. маратон посветен на Тоше, учествуваат 14 маратонци. Тринаесетмина го започнаа патот од Нова Градишка, а уште еден учесник треба да им се приклучи во Македонија.

    Во Хрватска маратонците ќе истрчаат околу 200 километри, додека низ Србија ќе патуваат со возила согласно тамошните прописи. По пристигнувањето во Македонија, македонските маратонци ќе им се приклучат и заедно ќе ја истрчаат делницата од границата до Крушево, долга околу 220 километри.

    Маратонот започна пред спомен-обележјето на Тоше во Нова Градишка, а целта е неговото вечно почивалиште на Гумење во Крушево, каде што се очекува маратонците да пристигнат денеска, на годишнината од неговата смрт.

    Тоше Проески го загуби животот во 2007 година, во период кога неговата кариера бележеше голем подем и сè повеќе се пробиваше надвор од границите на Македонија. Албумот на англиски јазик, „The Hardest Thing“, на кој работеше пред несреќата, беше објавен постхумно.

    Роден на 25 јануари 1981 година, Тоше уште од најрана возраст го покажуваше својот музички талент. Како ученик во петто одделение, во 1992 година, настапи на фестивалот „Златно славејче“, каде што испеа песна на влашки јазик.

    Неговата професионална музичка кариера започна со победата на „Мелфест“ во Прилеп во 1997 година. Потоа следуваа бројни настапи на значајни фестивали во Македонија и регионот, а во 2004 година ја претставуваше земјава на Евровизија во Истанбул. Истата година стана и амбасадор на УНИЦЕФ.

    Во текот на кариерата објави седум албуми, од кои дел беа адаптирани и на српски и хрватски јазик. Неговиот последен албум, „Игри без граници“, беше промовиран само две недели пред трагичната несреќа.

    Последниот концерт го одржа на 5 октомври 2007 година на Градскиот стадион во Скопје. Концертот имаше хуманитарен карактер и беше посветен на подобрување на условите во образованието во Македонија.

    Деветнаесет години подоцна, Тоше Проески останува симбол на музичкиот талент, хуманоста и човечноста, а маратонот од Нова Градишка до Крушево е потсетник дека неговото дело и споменот за него продолжуваат да ги поврзуваат луѓето од регионот.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: Над 470 милиони денари за нови капитални инвестиции во Кичево

    16.10.2026 во 09:47

    Мицкоски: „Нови 2.000 работни места – Разликата ја правиме со дела, а не со зборови”

    16.10.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.