Командата за операции на Армијата денеска ќе го одбележи Денот на единицата со воена свеченост во касарната „Боро Менков“ во Куманово.
На настанот се очекува да присуствуваат претседателката на државата и врховен командант на Вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.

