Close Menu
Press24
    Најново

    Одлични вести за возачите: Цената на нафтата падна

    15.10.2026 во 10:14

    „Убавата Ива избегала кај татко и криминалец во Бугарија” – Што пишуваат медиумите од регионот за Михаилова

    15.10.2026 во 09:04

    Нова голема инвестиција во Македонија – Мицкоски најави 2.000 работни места

    15.10.2026 во 10:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Почина Мирко Цетински – татко на Тони Цетински
    • Мицкоски денеска ќе присуствува на отворањето на новиот ритеил парк „Триангла“ во Гази Баба
    • Ученик се онесвестил по опасна „игра“ во училиште во соседството – Итната помош реагираше на час по физичко
    • Мицкоски утре ќе присуствува на отворањето на новото училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто
    • Земјотрес ја погоди Македонија
    • Гаши во Рим на Европска конференција на претседатели на парламенти: Состанок со Куртулмуш и дебата за хибридните закани
    • МЗ: Речиси 25.000 граѓани се пријавиле за вакцинација против грип
    • Свети Николе: Татко го пријавил сопствениот син во полиција
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Почина Мирко Цетински – татко на Тони Цетински

    Почина Мирко Цетински – татко на Тони Цетински

    15.10.2026 во 16:502 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Хрватскиот пејач Мирко Цетински, татко на познатиот музичар Тони Цетински, почина во четвртокот на 78-годишна возраст, по долга и тешка болест. Со неговото заминување завршува животен пат исполнет со шест децении музичка кариера, бројни песни, концерти и настапи низ светот.

    Мирко Цетински е роден во 1948 година во Пула, а првпат настапил пред публика во 1962 година, на натпреварот „Прв аплауз“ во родниот град. Шест години подоцна, во 1968 година, го имал и своето деби на фестивалот „Мелодии на Истра и Кварнер“, што претставувало важен чекор во неговото музичко афирмирање.

    Значаен пресврт во неговата кариера се случил во 1972 година, кога на Загрепскиот фестивал ја извел песната „Моето лудо срце“. Овој настап му донел нови професионални ангажмани, турнеи и прва златна плоча. Во текот на годините, Цетински изгради препознатлив музички опус со песни што оставија белег кај публиката. Меѓу неговите познати изведби се „Плачи, плачи, гитаро“, „Појди со мене до Ровињ“ и „На едрење“.

    Посебно место во неговото творештво има песната „Viecia Batana“, посветена на Ровињ. Цетински пеел на хрватски и италијански јазик, како и на нивните дијалекти. За изведбата на песната „Kupil sam ti prstenac“ ја освоил и наградата на публиката на фестивалот „Мелодии на Истра и Кварнер“.

    Неговата кариера не била ограничена само на настапите во Хрватска. Во текот на музичкиот пат реализирал 24 турнеи низ Соединетите Американски Држави, четири во Австралија и одржал стотици концерти низ Европа.

    „Никогаш не престанав да пеам, бидејќи пеењето е мојот живот“, изјавил Цетински во едно интервју, зборови што ја отсликуваат неговата долгогодишна посветеност на музиката.

    Покрај музичката кариера, тој имал значајна улога и во медиумскиот живот на Истра, бидејќи бил еден од основачите на Радио Ровињ, кое започнало со емитување на 14 февруари 1997 година. Неговиот придонес за музиката и локалната заедница бил препознаен и од градските власти, па во 2023 година градот Ровињ му ја доделил Златната медалја.

    Последното испраќање на Мирко Цетински ќе се одржи во кругот на семејството, а блиските побарале сочувството да биде изразено мирно и дискретно.

    Прочитај повеќе

    Ученик се онесвестил по опасна „игра“ во училиште во соседството – Итната помош реагираше на час по физичко

    15.10.2026 во 16:26

    Хаос на улиците во Тирана, демонстрантите палат згради и се судираат со полицијата: Рама одбива да поднесе оставка

    15.10.2026 во 13:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.