Close Menu
Press24
    Најново

    „Убавата Ива избегала кај татко и криминалец во Бугарија” – Што пишуваат медиумите од регионот за Михаилова

    15.10.2026 во 09:04

    Снег кон крајот на неделата – УХМР со детална прогноза

    14.10.2026 во 12:56

    Наскоро продолжен викенд – Потоа само уште еден неработен ден до крај на 2026

    15.10.2026 во 08:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пензионерите со најниски приходи ќе добијат 20.000 динари помош
    • Земјотрес од 5,1 степен го стресе Нов Зеланд
    • „Куќата ја изгради, но никогаш не се всели, мајка му плаче секој ден“ – Додека јавноста зборува за Ива семејството на Дурмиши тагува
    • Осум морнари се исчезнати по напад на брод во близина на романскиот брег
    • МВР со гордост за успехот: „Македонската полиција доби признание и од ФБИ”
    • ВИДЕО: МВР го фати возачот кој „дрифташе” – Немал ниту таблици ниту возачка
    • Пукна меѓу Зеленски и Трамп: Киев продолжува да ги таргетира руските рафинерии, Вашингтон се заканува со суспендирање
    • Сали на средба со амбасадорот на Црна Гора: Евроинтеграциите и билатералната соработка во фокусот на разговорите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Милошоски: Бугарија може да стави вето на македонскиот јазик како службен јазик на ЕУ

    Милошоски: Бугарија може да стави вето на македонскиот јазик како службен јазик на ЕУ

    15.10.2026 во 09:32Updated:15.10.2026 во 10:422 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, тврди дека употребата на терминот македонски јазик во преговарачката рамка со Европската Унија не гарантира дека тој автоматски ќе стане еден од службените јазици на Унијата по евентуалното членство на земјата.

    Во објава на Фејсбук, Милошоски наведува дека за воведување нов службен јазик во ЕУ е потребна едногласна одлука од Советот на ЕУ, што значи дека секоја земја членка има можност да го блокира процесот.

    Тој го критикува претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека ја доведува јавноста во заблуда со тврдењата дека преговарачката рамка го гарантира статусот на македонскиот јазик.

    Според Милошоски, декларацијата што Бугарија ја достави до Советот на ЕУ во јули 2022 година, во која наведува дека споменувањето на македонскиот јазик во преговарачката рамка не значи негово признавање од бугарска страна, е дополнителен показател за можните пречки.

    Милошоски смета дека договорите потпишани од претходната влада со Бугарија создаваат долгорочен ризик за официјалното воведување на македонскиот јазик во институциите на ЕУ. Тој оценува дека за надминување на овие пречки ќе бидат потребни дипломатски ангажман и поддршка од сојузници во Унијата.

    Во објавата тој се осврнува и на разговорите за евентуално воведување на црногорскиот јазик како службен јазик на ЕУ, наведувајќи дека и во тој процес постојат лингвистички и буџетски дилеми кај дел од земјите членки.

    Featured Just In Picks Top News Влада
    Прочитај повеќе

    „Куќата ја изгради, но никогаш не се всели, мајка му плаче секој ден“ – Додека јавноста зборува за Ива семејството на Дурмиши тагува

    15.10.2026 во 10:52

    МВР со гордост за успехот: „Македонската полиција доби признание и од ФБИ”

    15.10.2026 во 10:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.