Close Menu
Press24
    Најново

    Снег кон крајот на неделата – УХМР со детална прогноза

    14.10.2026 во 12:56

    Ќе снема струја во 9 часот – Исклучувања во Скопје, проверете дали сте на списокот

    14.10.2026 во 08:02

    Љупчо Горгиевски за Ива Михаилова: „Понекогаш треба да поминеш стотици километри за да не објаснуваш кој си“

    14.10.2026 во 08:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ЕУ дава до 15.000 евра – Важна вест за младите во кочанскиот регион
    • Во Скопје ќе нема струја шест ипол часа – Проверете дали вашата улица е на списокот
    • Нека не ве лаже сонцето: Ветерот ќе засилува, УХМР најавува какви температури да очекуваме
    • Двајца повредени, автомобил удри во куќа во Кичево
    • Жена физички и психички малтретирана од сопругот
    • Училиштата во Истанбул затворени поради поплави
    • Тирана: Втора вечер судири меѓу полицијата и студентите
    • Полска размислува за враќање на задолжителната воена служба за мажи и жени
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ЕУ дава до 15.000 евра – Важна вест за младите во кочанскиот регион

    ЕУ дава до 15.000 евра – Важна вест за младите во кочанскиот регион

    15.10.2026 во 08:102 Mins Read
    Europe House
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Кочани денеска ќе се одржи информативна сесија за новиот повик на Европската Унија, наменет за поддршка на младите, економското зајакнување и претприемништвото во Кочанскиот регион.

    На настанот локалните граѓански организации ќе се запознаат со условите за аплицирање, приоритетите на повикот и начинот на подготовка на проектните предлози. Можност за учество имаат организации што дејствуваат во општините Кочани, Чешиново-Облешево, Зрновци и Виница.

    Преку повикот ќе се поддржуваат проекти за развој на дигиталните вештини, писменоста за вештачка интелигенција, економското зајакнување на младите, како и младинското и социјалното претприемништво.

    За секој одобрен проект се предвидени од 10.000 до 15.000 евра директна финансиска поддршка, со рок за реализација од 10 месеци. Трошоците за спроведување на проектите ќе бидат целосно покриени, без обврска за кофинансирање.

    Во рамки на информативната сесија ќе бидат презентирани насоките за апликантите, формуларот за пријавување и образецот за буџет, а учесниците ќе можат да постават прашања и да добијат дополнителни информации за процесот на аплицирање.

    Крајниот рок за поднесување на апликациите е 16 ноември 2026 година, до 17 часот. Повеќе информации за условите и потребната документација се достапни на веб-страницата www.eu4cr.mk.

    Повикот се реализира преку проектот „ЕУ Механизам за граѓанска отпорност – Фаза II: Поддршка за граѓански и грасрут организации“, финансиран од Европската Унија преку ИПА III Програмата за поддршка на граѓанското општество и медиумите 2024–2025.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Во Скопје ќе нема струја шест ипол часа – Проверете дали вашата улица е на списокот

    15.10.2026 во 08:08

    Нека не ве лаже сонцето: Ветерот ќе засилува, УХМР најавува какви температури да очекуваме

    15.10.2026 во 08:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.