Вчера околу 16:00 часот во СВР Скопје, Л.П.(50) од Скопје пријави дека на подрачјето на општина Аеродром, кога се вратила во нејзиниот стан забележала дека вратата од станот била насилно отворена и оштетена, но не можела да влезе затоа што била блокирана со столица, известија од МВР.
Откако успеала да ја тргне столицата, влегла внатре и забележала едно лице, кое ја нападнало со тврд предмет и побегнало. После тоа, таа забележала дека од станот биле одземени пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението од МВР.
- Скопјанка преживеала хорор: „Кога се вратив, вратата беше разбиена и блокирана со стол, внатре имаше лице кое ме нападна и побегна со парите“
- Со компјутерска измама бесплатно користил паркинг во Тетово – уапсен 22-годишник од Мала Речица
- Суспендиран полицаец – пукал на плоштад во Кратово
- Јотова: Каде сè се немам јавено за Ива Михаилова
- Бугарија веќе подолго време е прибежиште за македонските криминалци
- Родителите на жртвите од „Пулс“ бараат целосно расветлување на трагедијата: Зошто е дозволен концертот без документација?
- До 5.000 евра казна за „дрифтување“ и 3.000 евра за возење тротинет – Регионот драстично ги заострува сообраќајните казни
- Кривична пријава за момче од Зајас: Послужил алкохол на малолетник, детето заврши во болница

