Close Menu
Press24
    Најново

    Елекстрдистрибуција со известување до граѓаните: Утре неколку часа ќе нема струја

    13.10.2026 во 12:25

    Нови цени на горивата од полноќ

    13.10.2026 во 09:32

    Ќе снема струја во 9 часот – Исклучувања во Скопје, проверете дали сте на списокот

    14.10.2026 во 08:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Манасиеввски: Филипче и Заев ветиле на блиски соработници на Радев, дека ќе изготват медицински извештај за Ива Михаилова?
    • Клековски ја посети Клиничката болница во Штип: Отворен нов мултидисциплинарен кабинет за дојка
    • (ФОТО) Запленети над 500 кубни метри дрва и поднесени 140 пријави во засилените акции на Шумската полиција
    • Нов смртен случај од западнонилска треска во земјава, вкупната бројка достигна 11 починати
    • Штерјова: Мицкоски го штити Тошковски, бегството на Михаилова е фарса за јавноста
    • Герасимовски: Нацрт-ДУП-от „Барутана“ нема да оди на Совет без законско и безбедно решение за сите прашања
    • Собранието даде зелено светло: Македонски војници заминуваат на мисија во БиХ
    • Ѓорѓиевски се сретна со делегација на ЕБОР: Приоритети побрз автобуски превоз и почисто Скопје
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Манасиеввски: Филипче и Заев ветиле на блиски соработници на Радев, дека ќе изготват медицински извештај за Ива Михаилова?

    Манасиеввски: Филипче и Заев ветиле на блиски соработници на Радев, дека ќе изготват медицински извештај за Ива Михаилова?

    14.10.2026 во 12:052 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изнесе обвинувања за случајот со Ива Михаилова, прашувајќи дали опозициските лидери Венко Филипче и Зоран Заев стојат зад медицинскиот извештај за нејзиното лекување во Бугарија.

    „Сè повеќе е евидентна тезата која веќе подолго време ја говориме во јавноста, дека Филипче и Заев се уценети од бугарските власти и Румен Радев. Директно го прашуваме Венко Филипче, дали е точна информацијата, дека токму тој во соработка со Заев, имаат ветено на блиски соработници на Румен Радев, дека се способни да изготват медицински извештај за Ива Михаилова, во кој јасно ќе стои дека нејзиното понатамошно лекување нема да може да се спроведува во Македонија, туку во соседна Бугарија? Единствената цел на овој процес е директна штета на Македонија и ново омаловажување и потценување на интегритетот на македонскиот народ“, изјави Манасиевски.

    Според партијата, извештајот бил изработен од доктор близок до нив, со цел овозможување на нејзиното заминување.

    „Имено, за осомничената Ива Михаилова, која инаку е осомничена во кривично-правен настан, за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, криминалниот другар и доктор на Филипче и Заев, Иван Барбов, изготвил извештај на ден 19.03.2026 година, во кој јасно се наведува дека нејзиното понатамошно лекување мора да продължи во соседна Бугарија“, истакна Манасиевски.

    Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека реакциите во јавноста и кај институциите ја осудиле постапката на софиските власти, додека опозицијата молчела за настанот.

    „Потегот на бугарските власти кои на високо ниво ја пречекаа или пак ќе ја пречекаат во следните денови, Ива Михаилова, беше осудено од страна на македонските надлежни институции, но и од голем дел од политичките партии, само СДС и Филипче во ниту еден момент не ја спомнаа ниту Бугарија, ниту бугарските власти. На граѓаните веќе им е јасно дека СДС и Филипче одработуваат за источниот сосед, но дека ќе отидат толку далеку, искрено и ние не очекувавме“, додаде портпаролот.

    На крајот од прес-конференцијата, ВМРО-ДПМНЕ упати апел до надлежните институции да извршат целосна истрага за сите околности поврзани со овој случај.

    Прочитај повеќе

    Штерјова: Мицкоски го штити Тошковски, бегството на Михаилова е фарса за јавноста

    14.10.2026 во 11:40

    ВЛЕН: Реконструкцијата на стадионот во Тетово е дел од визијата за поквалитетна инфраструктура

    14.10.2026 во 11:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.