Close Menu
Press24
    Најново

    Елекстрдистрибуција со известување до граѓаните: Утре неколку часа ќе нема струја

    13.10.2026 во 12:25

    Нови цени на горивата од полноќ

    13.10.2026 во 09:32

    Ќе снема струја во 9 часот – Исклучувања во Скопје, проверете дали сте на списокот

    14.10.2026 во 08:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • (ФОТО) Запленети над 500 кубни метри дрва и поднесени 140 пријави во засилените акции на Шумската полиција
    • Нов смртен случај од западнонилска треска во земјава, вкупната бројка достигна 11 починати
    • Штерјова: Мицкоски го штити Тошковски, бегството на Михаилова е фарса за јавноста
    • Герасимовски: Нацрт-ДУП-от „Барутана“ нема да оди на Совет без законско и безбедно решение за сите прашања
    • Собранието даде зелено светло: Македонски војници заминуваат на мисија во БиХ
    • Ѓорѓиевски се сретна со делегација на ЕБОР: Приоритети побрз автобуски превоз и почисто Скопје
    • ВЛЕН: Реконструкцијата на стадионот во Тетово е дел од визијата за поквалитетна инфраструктура
    • УХМР ги измери температурите претпладнево низ Македонија – За попладне издаден метео аларм
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ФОТО) Запленети над 500 кубни метри дрва и поднесени 140 пријави во засилените акции на Шумската полиција

    (ФОТО) Запленети над 500 кубни метри дрва и поднесени 140 пријави во засилените акции на Шумската полиција

    14.10.2026 во 11:512 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Шумската полиција спроведе засилени акции против нелегалната сеча низ целата држава, при што во текот на септември и во почетокот на октомври беа запленети над 500 кубни метри нелегално исечена дрвна маса и поднесени 140 пријави.

    Привремено се одземени 13 товарни и 17 патнички возила, девет трактори, како и моторни пили, приколки, секири и други предмети употребени за незаконска сеча и превоз на дрва.

    Акциите се спроведуваат паралелно со секојдневните редовни контроли, со посебно внимание на подрачјата каде што поизразено дејствуваат организирани групи на дрвокрадци. Контролите се насочени и кон сузбивање на нелегалното снабдување со дрва на населението и на производствените капацитети, а со кои се нанесува значителна штета на шумскиот фонд.

    „Засилените акции ќе продолжат и во наредниот период, на целата територија на државата. Заштитата на шумите е јавен интерес и наша институционална одговорност. Шумската полиција ја има целосната поддршка на Министерството да постапува одлучно и доследно против незаконската сеча, транспортот и трговијата со дрва, во рамките на своите законски овластувања“, порачува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски.

    Во пресрет на грејната сезона, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство апелира до граѓаните да купуваат огревно дрво само од лиценцирани продавачи и складови. Со набавката на дрва од легални извори активно се придонесува за спречување на нелегалната трговија и за заштита на шумите.

    Воедно, граѓаните се повикуваат да пријавуваат сомнежи за незаконска сеча, транспорт и продажба на дрва до Шумската полиција и  другите надлежни органи.

    Прочитај повеќе

    Нов смртен случај од западнонилска треска во земјава, вкупната бројка достигна 11 починати

    14.10.2026 во 11:44

    Штерјова: Мицкоски го штити Тошковски, бегството на Михаилова е фарса за јавноста

    14.10.2026 во 11:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.