Во Собранието денеска седници ќе одржат четири комисии: за одбрана и безбедност, за култура и туризам, за прашања на изборите и именувањата, како и Законодавно-правната комисија.
Комисијата за одбрана и безбедност ќе разгледува две точки – испраќање припадници на Армијата во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина, како и продолжување на рокот за постоење на кризна состојба поради можни нарушувања во снабдувањето со нафта и нафтени деривати во земјава.
На седницата на Комисијата за култура и туризам ќе се разговара за подготовката на предлог-програмата за одбележување јубилеи на значајни настани и истакнати личности во 2027 година.
Во меѓувреме, Комисијата за прашања на изборите и именувањата ќе ги интервјуира тројцата кандидати кои ги исполнуваат условите за избор на член на Судскиот совет што го избира Собранието.

