Close Menu
Press24
    Најново

    Елекстрдистрибуција со известување до граѓаните: Утре неколку часа ќе нема струја

    13.10.2026 во 12:25

    Нови цени на горивата од полноќ

    13.10.2026 во 09:32

    ОЈО: Сторивме сѐ што можевме за да ја обезбедиме, ризикот од бегство беше причина зошто дававме негативно мислење за враќање на пасошот на Михајлова

    12.10.2026 во 14:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Лимани: Општина Гостивар ќе додели 100 ваучери за бесплатна мамографија во рамки на „Розов октомври“
    • Николоски: Очекуваме раст на БДП од 3, 5 %, градежништвото останува силен двигател на економскиот развој на државата
    • Единаесет морнари исчезнати по нападот со дрон врз товарен брод во близина на Бугарија
    • Распишана централна и меѓународна потерница по Михаилова Ива
    • Од наредната недела почнува вакцинацијата против сезонски грип
    • Најљубоморниот хороскопски знак
    • Вонредна ситуација на аеродромот во Нирнберг: Целосно запрен авиосообраќајот
    • Руте: Разговарав со Радев по новите напади во Црното Море
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Лимани: Општина Гостивар ќе додели 100 ваучери за бесплатна мамографија во рамки на „Розов октомври“

    Лимани: Општина Гостивар ќе додели 100 ваучери за бесплатна мамографија во рамки на „Розов октомври“

    13.10.2026 во 20:192 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Општина Гостивар ќе додели 100 ваучери за бесплатна мамографија за жените и девојките, во рамки на активностите за одбележување на Месецот на подигање на свеста за ракот на дојката, познат како „Розов октомври“.

    Ова го соопшти градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани, истакнувајќи ја важноста на редовните прегледи и раното откривање во борбата против оваа болест.

    „Подигнувањето на свеста и раното откривање се од суштинско значење за заштита на здравјето на жените. И оваа година, Општина Гостивар ќе додели 100 ваучери за бесплатна мамографија, со цел да им дадеме поддршка на жените и девојките и да ги поттикнеме на редовни превентивни прегледи“, истакна Лимани.

    Во рамки на „Розов октомври“, Општина Гостивар, во соработка со Здружението „Езра“, организираше и информативна работилница под истиот наслов, на која присутните жени и девојки имаа можност да се информираат и да разговараат со здравствени професионалци за ракот на дојката, важноста на редовните прегледи и можностите за рано откривање.

    На работилницата учествуваа д-р Миранда Изири, специјалист по радиологија, и д-р Илир Исмаили, онколог, кои споделија информации и совети за важноста на континуираната грижа за здравјето.

    Преку овие активности, Општина Гостивар има за цел да ја подигне свеста за ракот на дојката и да ги поттикне жените да посветат поголемо внимание на превентивните прегледи.

    Прочитај повеќе

    Распишана централна и меѓународна потерница по Михаилова Ива

    13.10.2026 во 19:24

    Од наредната недела почнува вакцинацијата против сезонски грип

    13.10.2026 во 19:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.