Close Menu
Press24
    Најново

    Ведрана Рудан пред смртта: На синот не му оставам ништо и не го сакам на мојот погреб

    18.08.2026 во 11:31

    СДСМ: Кој е Милко Бошковски?

    18.08.2026 во 11:23

    Ведрана Рудан живеела во куќа стара 400 години

    18.08.2026 во 10:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ѓорѓиевски: Исплатена е финансиската помош за сите онколошки пациенти кои ги исполниле условите
    • Приведен малолетник во Аеродром: Полицијата му пронашла марихуана
    • Ристовски на централната свеченост во Охрид: Армијата е еден од столбовите на нашата државност
    • Гаши: Инвестирањето во Армијата е инвестиција во мирот
    • Филипче: Горди сме на македонската Армија
    • Ужас во Кисела Вода: Маж ја претепал бремената сопруга
    • ЦУК со најнови податоци: Активни се пет пожари на отворено, зафатена е и куќа во Старо Нагоричане
    • Масовна пресметка со камења во Батинци: Приведени осум лица и двајца малолетници, оштетено и полициско возило
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Соработката се проширува: Муцунски потпиша Протокол со Узбекистан и разговараше за европската интеграција со Португалија

    Соработката се проширува: Муцунски потпиша Протокол со Узбекистан и разговараше за европската интеграција со Португалија

    27.09.2025 во 11:221 Min Read
    ФОТО: Министерство за надворешни работи и надворешна трговија
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во рамки на учеството на 80. Генерално собрание на Обединетите Нации во Њујорк, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари повеќе билатерални средби со своите колеги од Португалија, Либан, Узбекистан и Соломонските Острови, како и со генералниот секретар на ОБСЕ.

    На средбата со португалскиот министер за надворешни работи, Пауло Ранжел, беше изразено задоволство од одличните билатерални односи и партнерството во рамки на НАТО. Беше нагласена важноста на европската интеграција и потврдена подготвеноста за продлабочување на политичкиот дијалог, трговијата и економската соработка.

    Со министрите за надворешни работи на Либан и Соломонските Острови беше поздравено воспоставувањето на дипломатските односи и изразена подготвеност за нивно понатамошно унапредување.

    Во рамки на средбата со узбекистанскиот министер, Бахтијор Саидов, беше потпишан Протокол за соработка и консултации меѓу двете министерства, кој ќе претставува основа за унапредување на билатералните односи и политичката соработка.

    Министерот Муцунски се сретна и со генералниот секретар на ОБСЕ, Феридун Х. Синирлиоглу, при што беше потврдена успешната досегашна соработка и разговарано за нејзино понатамошно продлабочување.

    Прочитај повеќе

    Ѓорѓиевски: Исплатена е финансиската помош за сите онколошки пациенти кои ги исполниле условите

    18.08.2026 во 16:13

    Филипче: Горди сме на македонската Армија

    18.08.2026 во 15:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.