Close Menu
Press24
    Најново

    ОЈО: Сторивме сѐ што можевме за да ја обезбедиме, ризикот од бегство беше причина зошто дававме негативно мислење за враќање на пасошот на Михајлова

    12.10.2026 во 14:13

    Ниту бугарската полиција не евидентирала влез на Ива Михајлова

    12.10.2026 во 13:27

    Ива Михаилова избегала: Во системот на МВР не е евидентиран нејзиниот излез од Македонија

    12.10.2026 во 13:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се отвора битката за шеф на Обвинителството за организиран криминал – Петмина кандидати во трка
    • Ќе нема струја до 14 часот – Исклучувања во делови од Скопје
    • АМСМ со апел до возачите – Кои патишта се проблематични утрово?
    • УХМР најавува студен бран: Заладување, дожд и снег во Македонија
    • Јотова на телевизија видела дека Михајлова избегала од Македонија во Бугарија
    • Михајлова ќе добие и физичко обезбедување од бугарското МВР
    • Во среда продолжува акцијата за чистење на Скопје
    • МНРиНТ: приемот на високо ниво на лице против кое се води судска постапка испраќа сериозно погрешна порака
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Се отвора битката за шеф на Обвинителството за организиран криминал – Петмина кандидати во трка

    Се отвора битката за шеф на Обвинителството за организиран криминал – Петмина кандидати во трка

    13.10.2026 во 08:021 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Советот на јавни обвинители денеска ќе ги сослуша петте кандидати за раководител на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во Скопје. Седницата е закажана за 11 часот, кога пријавените кандидати ќе ги образложат своите кандидатури за функцијата.

    За позицијата конкурираат вишиот јавен обвинител Јован Цветановски, обвинителот Трајче Пеливанов, поранешен обвинител во Специјалното јавно обвинителство, Лидија Раичевиќ од Основното јавно обвинителство Скопје, како и обвинителите од ОЈО ГОКК, Искра Хаџи-Василева и Фатон Азизи.

    За спроведување на постапката Советот формираше комисија во состав Ермон Незири, Светлана Стојковиќ и Кети Петкова. Изборот на новиот шеф на ОЈО ГОКК е предвиден за 28 октомври, од 8 до 16 часот, со тајно и непосредно гласање на јавните обвинители.

    Новиот раководител ќе го наследи Ислам Абази, чиј мандат истекува. Абази беше избран на функцијата во октомври 2022 година.

    Огласот за избор на нов основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК беше објавен во „Службен весник“ на 21 август годинава.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Ќе нема струја до 14 часот – Исклучувања во делови од Скопје

    13.10.2026 во 08:00

    АМСМ со апел до возачите – Кои патишта се проблематични утрово?

    13.10.2026 во 07:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.