Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива без проблеми, а коловозите се претежно суви. Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, информираат од Автомотосојузот на Македонија.
На граничните премини од македонска страна засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од АМСМ апелираат до возачите да ја приспособат брзината на движење, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да бидат внимателни, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои опасност од одрони.
Зголемена внимателност се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

