Close Menu
Press24
    Најново

    ФОТО: ДУИ обвинува за полициска бруталност

    09.10.2026 во 11:15

    ВИДЕО: Со албанско знаме го блокираше сообраќајот – Полицијата го пронајде лицето кое„глумеше шериф“ во Скопје

    09.10.2026 во 08:35

    Пред нас продолжен викенд, а потоа уште еден – На овие датуми ќе одмориме

    09.10.2026 во 08:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ТикТок пред милионска казна? Европската комисија ги анализира доверливите документи од Романија
    • Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на турската Црвена полумесечина
    • Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
    • Кос: Соработката со Турција во транспортот и поврзаноста е важна за ЕУ, но постојат загрижености за демократските стандарди
    • Карпош одбележа 50 години постоење со традиционалните спортски игри за пензионери
    • Ердоган: Газа е претворена во најголемиот концентрационен логор во светот
    • Возач на мопед тешко повреден во сообраќајка во Делчево
    • Ферати: Односите Албанија – Македонија, клуч за унапредување на соживотот и соработката
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ТикТок пред милионска казна? Европската комисија ги анализира доверливите документи од Романија

    ТикТок пред милионска казна? Европската комисија ги анализира доверливите документи од Романија

    09.10.2026 во 20:152 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Романија официјално достави доверливи податоци до Брисел во рамките на тековната истрага што Европската комисија ја води против платформата ТикТок. Оваа постапка е тесно поврзана со поништените претседателски избори во земјата во 2024 година, објави „Диџи24“, повикувајќи се на изјава од портпаролот на Европската комисија, Тома Рение.

    Доколку истрагата утврди дека платформата е одговорна за можни прекршувања, ТикТок се соочува со драконска казна – до шест проценти од својот вкупен глобален промет. Според наводите од изворот, завршувањето на истрагата се очекува до крајот на оваа или на почетокот на следната година.

    Потсетуваме, Европската комисија уште во декември 2024 година покрена официјална постапка против популарната социјална мрежа. Причина за тоа беа сериозните сомневања за прекршување на европскиот Закон за дигитални услуги (DSA), кој строго ги регулира прашањата поврзани со нелегалните содржини, транспарентноста при финансирањето на рекламите и ширењето дезинформации.

    Постапката беше отворена откако Уставниот суд на Романија донесе одлука за поништи првиот круг од претседателските избори. Ваквиот чекор уследи по информациите за можно надворешно мешање и сомневањата за координирана кампања на ТикТок во корист на независниот кандидат за претседател од крајната десница, Калин Џорџеску.

    Главниот фокус и загриженост на европските институции се однесуваат на начинот на кој функционираат алгоритмите за препорачување содржини на платформата, како и на системот за политичко рекламирање, кој според европските прописи подлежи на задолжително и јасно означување.

    Прочитај повеќе

    Кос: Соработката со Турција во транспортот и поврзаноста е важна за ЕУ, но постојат загрижености за демократските стандарди

    09.10.2026 во 19:47

    Ердоган: Газа е претворена во најголемиот концентрационен логор во светот

    09.10.2026 во 19:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.