Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.
„Од нив, 10 управувале возило без положен возачки испит и тоа: Б.Р.(21), 20-годишната М.Д., М.И.(18) и 16-годишник, сите од Скопје, Џ.Д.(68) и С.Л.(44) од Гостивар, 16-годишник од с.Чегране, гостиварско, С.Р.(29) и Б.С.(22) од Битола и А.М.(43) од Велес. Под дејство на алкохол возел И.А.(47) од Скопје. Додека пак, А.Ќ.(37) од Македонски Брод управувал возило со активна мерка забрана за управување на возило.
По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави“, велат од МВР.
Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

