Close Menu
Press24
    Најново

    Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време

    07.10.2026 во 10:52

    Измени во „Сејф Сити“ – камерите ќе гледаат нов прекршок

    07.10.2026 во 10:08

    ВИДЕО+ФОТО: Нови мотоцикли за полицијата од РСБСП – Вложувања до побезбедни патишта и спасени човечки животи

    08.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Муцунски: Патот на Македонија кон ЕУ да биде заснован врз заслугите, а не оптоварен со историјата и минатото
    • Европол пресече криминална мрежа од Балканот: 50 приведени, претреси во Словенија и Шпанија
    • Муцунски за Ива Михајлова: Владата не може да се меша во судската постапка, но бугарски лекари можат да ја проверат нејзината состојба
    • Петрова пред средбата со Муцунски: Коридорот 8 мора да се заврши, а не да остане збир од одделни проекти
    • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
    • „Сум се мачел 89 години со овие десет прсти“ – Сведочеше таткото на судијата Ристов
    • Семејна драма во Македонија: Ги истепал сопругата, синот и братот
    • Муцунски од Софија: Ќе ја забрзаме реализацијата на Коридорот 8 со Бугарија и Албанија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Муцунски: Патот на Македонија кон ЕУ да биде заснован врз заслугите, а не оптоварен со историјата и минатото

    Муцунски: Патот на Македонија кон ЕУ да биде заснован врз заслугите, а не оптоварен со историјата и минатото

    08.10.2026 во 15:212 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Најголема желба на Македонија е нејзиниот пат кон Европската Унија и полноправното членство да биде заснован врз заслугите, а не оптоварен со историјата или минатото, порача денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на заедничката прес-конференција по Министерскиот состанок за Коридорот 8 во Софија, одговарајќи на новинарски прашања за очекувањата од денешната средба со неговата бугарска колешка, Велислава Петрова Чамова.

    Муцунски истакна дека Македонија е целосно усогласена со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и дека, според досегашното искуство и резултатите, се докажала како одличен кандидат за членство.

    Тој ја парафразираше претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која, како што рече, при неодамнешната посета на Скопје ја пофалила работата на земјата во рамките на Реформската агенда, со помош од еврокомесарката за проширување Марта Кос и нејзиниот тим.

    Тој нагласи дека Македонија очекува токму нејзините постигнувања и досегашниот резултат да бидат основа за оценувањето кога ЕУ ќе биде подготвена да донесе одлука за нејзиното членство.

    Министерот додаде дека проширувањето отсекогаш било политичка одлука што ја носат земјите-членки со консензус, посочувајќи дека Македонија ќе продолжи одговорно и проактивно да работи на изнаоѓање решенија.

    -Ние ќе го направиме нашиот дел. Ќе бидеме одговорни, ќе бидеме проактивни во изнаоѓањето решенија за прашањата, но решението никогаш не зависи исклучиво од нашата страна – рече Муцунски.

    Тој порача дека Македонија во односите со соседите и со земјите-членки на ЕУ ќе продолжи да се раководи од добрата волја и почитувањето на меѓународното јавно право.

    -Во сите наши односи со сите наши соседи и со сите земји членки во Европската Унија, секогаш ќе се однесуваме врз основа на добрата волја и почитувањето на меѓународното јавно право – истакна Муцунски.

    Прочитај повеќе

    Муцунски за Ива Михајлова: Владата не може да се меша во судската постапка, но бугарски лекари можат да ја проверат нејзината состојба

    08.10.2026 во 14:33

    Петрова пред средбата со Муцунски: Коридорот 8 мора да се заврши, а не да остане збир од одделни проекти

    08.10.2026 во 14:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.