Close Menu
Press24
    Најново

    Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време

    07.10.2026 во 10:52

    Лоши прогнози: Скап дизел ќе возиме цела наредна година

    07.10.2026 во 10:13

    Измени во „Сејф Сити“ – камерите ќе гледаат нов прекршок

    07.10.2026 во 10:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ФОТО: Реновирана салата во „Коле Неделковски“ – Учениците добија современ простор за спорт
    • Аеродромите рушат рекорди: Македонија се движи кон 4 милиони патници
    • ВМРО-ДПМНЕ: Чучер Сандево се развива со конкретни проекти и инвестиции
    • Го запреле на Табановце – Кога виделе што има во возилото веднаш го уапсиле
    • Подгответе се за продолжен викенд – УХМР со временска најава за трите дена одмор
    • СДСМ: Владата повторно се задолжува
    • И тоа го има во Македонија: Внук го истепал дедото поради недоразбирање во сообраќајот
    • Скопјанец нападнат на улица среде бел ден
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ФОТО: Реновирана салата во „Коле Неделковски“ – Учениците добија современ простор за спорт

    ФОТО: Реновирана салата во „Коле Неделковски“ – Учениците добија современ простор за спорт

    08.10.2026 во 10:061 Min Read
    Општина Центар
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со спортски активности и многу игра, во обновената фискултурна сала во ООУ „Коле Неделковски“ беше одбележана Детската недела. На учениците им се придружи и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

    „Салата ја реновиравме во текот на летото. Учениците сега имаат функционален простор за спорт и физичка активност, а дополнително на располагање им се и игралиштата во училишниот двор. Спортот е важен дел од образовниот процес и затоа континуирано вложуваме во спортската инфраструктура. Децата треба да спортуваат и да го градат тимскиот дух, ако сакаме утре да имаме здрави генерации“, истакна Герасимовски.

    Фискултурната сала, со површина од 350 квадратни метри, со децении била во незавидна состојба, а сега е целосно обновена и претворена во современ и безбеден простор за наставата по физичко образование и рекреација.

    Реконструкцијата опфати брусење и лакирање на паркетот, санација на ѕидовите и таваните, како и поставување нови внатрешни врати. Инсталирани се нови инвертер-клима уреди и ЛЕД-осветлување, а целосно е заменета и електричната инсталација.

    Обновени се и соблекувалните и кошевите, додека во тек е замена и обновување на преостанатите спортски реквизити.

    Од Општина Центар велат дека со вложувањата во образованието и спортот се создаваат подобри услови за физичкиот и менталниот развој на учениците.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Аеродромите рушат рекорди: Македонија се движи кон 4 милиони патници

    08.10.2026 во 10:04

    ВМРО-ДПМНЕ: Чучер Сандево се развива со конкретни проекти и инвестиции

    08.10.2026 во 10:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.