Тешка несреќа се случи вечерва во областа Курбин во Албанија, каде што 45-годишен маж при ракување со земјоделско возило во дворот на семејната куќа случајно ја удрил и ја усмртил својата тригодишна ќерка.
Трагедијата се одиграла околу 19:50 часот во селото Малбард, Курбин. Според полициските информации, таткото со иницијали Б.А. (45) маневрирал со земјоделското возило во дворот кога дошло до кобниот удар. Од здобиените повреди, малолетното девојче починало на самото место.
Полицијата и истражната екипа веднаш излегле на терен. Под водство на надлежното Обвинителство, се преземаат сигурни мерки и активности за целосно расчистување и утврдување на сите околности под кои се случила оваа голема семејна трагедија.

