Премиерот Христијан Мицкоски оценува дека во Европската Унија е препознаен проблемот со злоупотребата на членството од страна на одредени земји кои, според него, преку пристапниот процес се обидуваат да решаваат билатерални прашања што немаат врска со европските вредности.
„Очигледно е дека таму состојбата е препознаена, дека некои од земјите членки го злоупотребуваат своето членство во Европската Унија и се обидуваат да излезат надвор од пристапувањето по заслуга“, рече Мицкоски.
Тој зборуваше и за најавениот процес на постепена интеграција во ЕУ, посочувајќи дека за негово започнување ќе треба да бидат исполнети три услови.
Првиот услов ќе биде различен за секоја држава и ќе се однесува на конкретни реформи што дополнително ќе бидат усогласени со Европската комисија.
Вториот услов е усогласување со заедничката надворешна и одбранбена политика на ЕУ, за што Мицкоски вели дека Македонија веќе го има исполнето.
Третиот услов се однесува на реформите во системот за јавни набавки, за кои премиерот најави дека ќе бидат завршени и усвоени во Парламентот во текот на следната недела.
„Од трите услови, два веќе ги имаме. За првиот чекаме да видиме што за нас како држава ќе биде доставено од Европската комисија“, рече Мицкоски.
Мицкоски: ЕУ препознала дека дел од членките го злоупотребуваат правото на блокада