Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на пуштањето во употреба на новата детска градинка „8 Април“ во Општина Шуто Оризари.
Отворањето на новиот објект е дел од владините активности за подобрување на условите и зголемување на капацитетите за згрижување на децата во општините низ земјата.
Од Владата информираат дека по повод пуштањето во употреба на градинката, Мицкоски ќе даде изјава за медиумите.

