Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Конески: Владата ги става младите во центарот на политиките, преку пракси ги поврзуваме студентите со локалните самоуправи
    • Акција во Гази Баба: Започна обележувањето и освежувањето на пешачките премини за поголема безбедност во сообраќајот
    • Филипче го претстави Мастер планот на СДСМ: Најави закон за ветинг за сите функционери
    • Обвинителството со детали: Обезбедени наредби за претрес кај виш јавен обвинител од Битола поради сомневања за корупција
    • МВР се огласи: Се врши претрес во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола
    • Филипче за Барутана: На Водно нема една цигла да се изгради додека сум јас претседател на СДСМ
    • Ескалација на протестите низ Франција: Полицијата употреби солзавец, блокирани половина од средните училишта
    • Меси добива титула „Почесен доктор“ од Универзитетот во Буенос Аирес
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Конески: Владата ги става младите во центарот на политиките, преку пракси ги поврзуваме студентите со локалните самоуправи

    Конески: Владата ги става младите во центарот на политиките, преку пракси ги поврзуваме студентите со локалните самоуправи

    06.10.2026 во 21:302 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Тодор Конески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Унијата на млади сили, во ,,Ноќно студио“ на 4ТВ, се осврна на повеќе теми кои ги засегаат младите во земјава, меѓу кои беа студентскиот стандард, домашната образовна структура и вклучувањето на младите во општествените процеси. Според него, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во фокус ги има младите уште од сам почеток, а како што кажа, тестамент за тоа е фактот што политиките за млади добија свое место во рамки на министерски ресор.

    ,,Ова е првиот тестамент дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски,  младите ги става во центарот на своите политики“, вели Конески.

    Во врска со договорот кој беше склучен помеѓу Министерството за локална самоуправа, ИНОВА и државните универзитети минатата година, тој вели дека студентите се поврзале со локалните самоуправи, како практиканти, во месеците август и септември годинава.

    ,,Студентите од универзитетите ги поврзавме со локалните самоуправи. Тоа беше една интересна политика, со којашто успеавме младите професионалци да ги поврзиме со своите локални самоуправи, да бидат практиканти и додадена вредност на локалните самоуправи. А од друга страна, локалната самоуправа да добие еден оперативен бонус во својата работа. Младите се авангардата на ова општество и најголемата додадена вредност на ова општество и кога ние можеме успешно да ги вметнеме младите во процесите кои се одвиваат во локалната самоуправа, ние можеме да добиеме една локална самоуправа, којашто може да размислува на покреативен и пофункционален начин.  Неопходно е во локалната самоуправа да ги вметнеме младите“, истакна Конески.

    Тој смета дека квалитетот на домашните универзитети е нешто на коешто треба да се пристапи од, како што вели, генерално ниво, а особено важно истакна дека е обезбедување на квалитетна инфраструктура и добри услови за студентите во земјава.

    ,,Тоа е еден цел мозаик на фактори, коишто треба успешно да се спојат, за да можеме да креираме успешен образовен систем. МОН работи одлично во таа насока, досега има 13 студентски иницијативи коишто биле поднесени до МОН, од кои 12 се прифатени. Тоа значи дека МОН има слух за проблемите на студентите и како да се решат и е кооперативно кога доаѓа до нови решенија, за коишто студентите сметаат дека се корисни“, кажа Конески.

    Прочитај повеќе

    Филипче го претстави Мастер планот на СДСМ: Најави закон за ветинг за сите функционери

    06.10.2026 во 21:06

    Филипче за Барутана: На Водно нема една цигла да се изгради додека сум јас претседател на СДСМ

    06.10.2026 во 20:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.