Македонската православна црква – Охридска архиепископија не ја поддржува иницијативата на Стопанската комора за намалување на бројот на неработни денови и промена на правилото според кое, ако празник се падне во недела, следниот ден е неработен.
Од Црквата порачуваат дека празниците не треба да се гледаат само низ економската призма, туку треба да се почитува и нивното духовно, историско и општествено значење.
Во реакцијата се нагласува дека верските празници се дел од традицијата и идентитетот на граѓаните и дека нивното одбележување има пошироко значење од обичен слободен ден.
Ставот на МПЦ-ОА доаѓа откако Стопанската комора предложи измени со кои би се намалил бројот на неработни денови и би се укинала практиката празник што се паѓа во недела да се префрла во понеделник.
Против ваквата иницијатива претходно се изјаснија и синдикатите, а премиерот Христијан Мицкоски порача дека стекнатите права на работниците треба да се почитуваат.

