Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Бугарија се уште не го известила МНР за евентуална средба во четврток
    • Сообраќајка го разбуди Скопје – Се судрија две коли и камион
    • Месечна прогноза: Вистинска есен и малку зима на крајот од октомври
    • ВИДЕО: Крадци со „финта” пробаа да и избегаат на македонската полиција
    • Муцунски со новиот грчки амбасадор: Ќе ги продлабочуваме билатералните односи
    • Трагедија во Македонија, починал на лице место: Прегазен пешак оставен среде пат
    • Насилни судири во Приштина: Полицијата употреби солзавец и водени топови, повредени 17 лица
    • МВР со засилени контроли: „Гледајте го патот, телефонот оставете го за подоцна”
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Бугарија се уште не го известила МНР за евентуална средба во четврток

    Бугарија се уште не го известила МНР за евентуална средба во четврток

    06.10.2026 во 10:482 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Бугарија сè уште официјално не го известила македонското Министерство за надворешни работи дека го прифаќа барањето за билатерална средба меѓу шефовите на дипломатиите Тимчо Муцунски и Велислава Петрова-Чамова, иако бугарското МНР преку медиумите веќе сигнализира дека разговор е можен.

    Средбата ја побара македонската страна по советот што претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен му го дала на премиерот Христијан Мицкоски при посетата на Скопје. Идејата е двајцата министри да разговараат на маргините на меѓународната конференција за Коридорот 8, што на 8 октомври ќе се одржи во Софија.

    Додека од Скопје велат дека формален одговор на испратеното барање сè уште нема, бугарското Министерство за надворешни работи соопшти дека во рамки на форумот „ќе има можност“ за билатерална средба и дека таквиот разговор би бил дел од редовниот дијалог меѓу двете земји.

    Дел од македонските и бугарските медиуми ова го протолкуваа како практично прифаќање на средбата, иако терминот сè уште не е формално потврден.

    Во моментов поверојатно е средбата да се одржи отколку да пропадне, но нема индикации дека таа би донела брз пресврт во односите меѓу Скопје и Софија.

    Атмосферата меѓу двете земји останува затегната. Скопје бара посилен ангажман од Брисел и гаранции дека евроинтегративниот процес нема повторно да биде оптоварен со нови билатерални барања, додека Софија останува на ставот дека условите за продолжување на македонските преговори се веќе утврдени и дека првиот чекор остануваат уставните измени.

    Евентуалната средба во Софија затоа повеќе се гледа како обид за повторно воспоставување директна политичка комуникација, отколку како разговор од кој веднаш би произлегло решение за спорот меѓу двете земји.

    Прочитај повеќе

    Сообраќајка го разбуди Скопје – Се судрија две коли и камион

    06.10.2026 во 10:37

    Месечна прогноза: Вистинска есен и малку зима на крајот од октомври

    06.10.2026 во 10:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.