Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насилни судири во Приштина: Полицијата употреби солзавец и водени топови, повредени 17 лица
    • МВР со засилени контроли: „Гледајте го патот, телефонот оставете го за подоцна”
    • Вреди: Теарце доби јавна градинка, Куманово наскоро добива ново училиште
    • Пријателите раскажаа низ каква голгота поминал Никола – Зад себе остави син, животот му бил тежок уште од детството
    • Светска банка со нова прогноза: Економски раст од 3,2% за Македонија
    • Сиљановска-Давкова со „Јас сум жена“: Во фокус поддршката за жените во бизнисот
    • Конче со нови инвестиции: Подобрена инфраструктура и услуги за граѓаните
    • Вакцините против грип доцнат: Министерството очекува да пристигнат овој месец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Насилни судири во Приштина: Полицијата употреби солзавец и водени топови, повредени 17 лица

    Насилни судири во Приштина: Полицијата употреби солзавец и водени топови, повредени 17 лица

    06.10.2026 во 10:151 Min Read
    Видео, Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Ситуацијата во Приштина ескалираше во понеделникот вечерта, кога демонстранти и полицијата се судрија пред Собранието на Косово за време на протестите поврзани со Специјализираните совети во Хаг.

    Полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите, откако дел од нив фрлаа пиротехнички средства, шишиња и други предмети кон полицајците и државните институции. На улиците во близина на Собранието беа запалени и контејнери.

    Според косовската полиција, во инцидентите се повредени шестмина полицајци, додека 11 граѓани побарале медицинска помош. Тројца демонстранти биле приведени.

    Протестите беа организирани поради пресудите на Специјализираните совети во Хаг против поранешни команданти на ОВК, меѓу кои и поранешниот косовски претседател Хашим Тачи. Демонстрантите бараат измени на законот со кои би се ограничиле надлежностите на судот, вклучително и ограничување на затворските казни и можност осудените да ја издржуваат казната во Косово.

    Косовското собрание претходно во текот на денот ги усвои измените во прво читање, но второто читање и конечното гласање останаа неизвесни.

    По неколкучасовните тензии, демонстрантите се повлекоа од просторот околу Собранието и ситуацијата се смири пред полноќ.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    МВР со засилени контроли: „Гледајте го патот, телефонот оставете го за подоцна”

    06.10.2026 во 10:07

    Вреди: Теарце доби јавна градинка, Куманово наскоро добива ново училиште

    06.10.2026 во 10:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.