Close Menu
Press24
    Најново

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сиљановска-Давкова: Прашањето со Бугарија не може да се квалификува ниту како билатерално, ниту само како проблем со ЕУ
    • Го нападнал малолетниот син на неговата вонбрачна партнерка
    • Каранфилова Пановска: Македонија е блокирана од лажниот профитерски патриотизм на Мицкоски 
    • Евакуиран авион на Ер Србија, 75-годишник се пошегувал дека има бомба
    • Стојаноски: Работиме на испорака на реформи и мерки, тоа го потврди и Фон дер Лајен
    • Милошоски: Каранфилова Пановска пак на иста линија со Бугарија, вели преговарачката рамка е европска позиција
    • Млад тетовец фатен со 15 пакувања марихуана
    • Истепан маж од струшко Радолишта, со повреди бил однесен во болница
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска-Давкова: Прашањето со Бугарија не може да се квалификува ниту како билатерално, ниту само како проблем со ЕУ

    Сиљановска-Давкова: Прашањето со Бугарија не може да се квалификува ниту како билатерално, ниту само како проблем со ЕУ

    05.10.2026 во 21:482 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова смета дека прашањето околу евроинтеграциите на Македонија и условувањата поврзани со Бугарија не може да се квалификува ниту исклучиво како билатерално прашање, ниту само како проблем меѓу земјава и Европската Унија.

    Во интервју за телевизија Сител, Сиљановска-Давкова се осврна на неодамнешната средба со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и на можноста ЕУ да посредува во разговорите со Бугарија.

    Во однос на пораките од Брисел за продолжување на разговорите со Софија, таа потсети дека претходно се поставувало прашањето дали спорот е билатерален или станува збор за прашање во рамки на односите со ЕУ.

    – Кога ние велевме дека прашањето по природа е билатерално, бидејќи ниту во Акцискиот план, ниту претходно, нема забелешки од другите држави, никоја не се заканува со вето, напротив, се истакнува потребата од merit system во евалуацијата… Бугарија велеше дека прашањето не е билатерално, туку дека ние имаме работа со Европската Унија. Многупати сум велела дека ако е така, тогаш оставете нè да преговараме со Европската Унија – рече Сиљановска-Давкова.

    Според неа, во такви ситуации постојат механизми во европското право, вклучително и членот 7 од Договорот за Европската Унија, кој предвидува можност за ограничување на одредени права на земја-членка доколку се утврди сериозно прекршување на принципите и вредностите на Унијата.

    Сепак, претседателката нагласи дека потребен е дијалог и размена на ставови, но оти не може да се оквалификува проблемот или процесот и како билатерален исклучиво, или како проблем што го имаме со Европската Унија.

    Прочитај повеќе

    Го нападнал малолетниот син на неговата вонбрачна партнерка

    05.10.2026 во 21:25

    Каранфилова Пановска: Македонија е блокирана од лажниот профитерски патриотизм на Мицкоски 

    05.10.2026 во 21:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.