Close Menu
Press24
    Најново

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Во буџетот фалат една милијарда евра
    • BALFIN Group – над 52 милиони евра платени даноци во првите шест месеци од 2026 година
    • Филипче: Посетата на Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски
    • Филипче: Лагите на Мицкоски за идентитетот и јазикот се разобличени
    • Си извадил 1.000 евра од туѓа картичка – маж од светиниколско кривично ќе се гони
    • Неготино: Приведен маж кој ограбувал туѓи автомобили
    • „Ми вперија пиштол мене и на мојот син“ – вознемирен скопјанец се јавил во полиција
    • Ѓорѓиевски по повод Денот на учителот: Учителите оставаат трага во соништата и успесите на генерациите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Во буџетот фалат една милијарда евра

    Филипче: Во буџетот фалат една милијарда евра

    05.10.2026 во 14:312 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција предупреди дека во Буџетот фалат една милијарда евра, а  дупката во Буџетот, нема да се покрие со подобро управување или зголемена економска активност, туку со нови задолжувања, од кои граѓаните нема да имаат никаква корист.

    „Од каде ќе дојдат, од нови задолжувања. Нема друг извор на пари за оваа криминална власт, кој што и покрај тоа, повторно ќе ги искористат за своите партиски криминални тендери. Повторно и покрај новото задолжување, кое што ќе достигне 12 милијарди евра сега, граѓаните нема да видат никаков бенефит, ниту некаква мерка за нив“, рече Филипче.

    Филипче потсети дека СДСМ преудпредуваше на лошата состојба на Буџетот, но наместо корекција на економските политики, власта продолжува со неодговорните финансиски политики и нови скапи задолжувања.

    „Нема добра наплата, нема раст, искористеност на капиталните инвестиции, предупредувавме на ова кога се носеше Буџетот и сега што останува, нови задолжувања. Зошто? Поради тоа што лошо се менаџира економијата. Милијарда евра фалат во Буџетот. Не е за тоа виновна кризата. Да, има свој придонес, меѓутоа не до тој степен да треба нов ребаланс на Буџетот. Лошо водење на економијата и на финансите доведува до тоа да фалат милијарда евра во буџетот“, рече Филипче.

    Тој додаде дека објаснувањата на Мицкоски зошто се прави ребаланост не се реални.

    „Вкупниот прилив по основ на ДДВ и акцизи на горива лани кога немало криза, значи во 2025 година, околу 417 до 500 милиони евра. Што значи дека три  месеци требале да не се наплаќаат ДДВ акцизи за да не достатуваат околу 130 милиони евра, како што кажува примерот. Што значи, тоа не е вистина. Дополнително, ако и покрај намалувањето одредено изминатите месеци на ДДВ и акцизата, вкупната цена на горивата е зголемена за повеќе од 50%, тоа значи дека и со намалено ДДВ и акциза на поголема влезна цена на горивата, ако не повеќе најмалку исто ќе бил приливот по основна акциза и ДДВ од поскапи горива. Уште една лага на Христијан Мицкоски. Што е вистината? Не е добро испланиран буџетот“, рече Филипче.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Посетата на Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски

    05.10.2026 во 14:25

    Филипче: Лагите на Мицкоски за идентитетот и јазикот се разобличени

    05.10.2026 во 14:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.