Вчера во 16:26 часот полициски службеници од Полициската станица Тетово го лишиле од слобода Т.М. од Тетово.
Претходно, неговата 24-годишна сопруга пријавила дека во семејниот дом тој фрлил предмет кон неа и ѝ нанел повреда.
Т.М. бил задржан во полициска станица. Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок. објави Скопје1.мк

