Close Menu
Press24
    Најново

    Димитриевски: Со Бугарија ќе разговараме, од македонскиот идентитет не отстапуваме

    04.10.2026 во 14:48

    Итнервентна полиција викендов во акција – Скопјани направиле хаос во локал, имале и ножеви

    05.10.2026 во 08:04

    Ќе нема струја – Овој понеделник најавени исклучувања во Скопје

    05.10.2026 во 07:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВМРО-ДПМНЕ: Охрид се гради и модернизира -Нови проекти во инфраструктурата, образованието и спортот
    • Тешка ситуацијата со пожарите во Липковско: Горат Матејче и Стрима, побарана помош од воздух
    • „Ме избодеа по целото тело“: Лекарите спасиле маж нападнат од рој стршлени
    • Газдите бараат да се скратат некои празнични денови – Мора да се работи повеќе
    • Анализите покажаа – Безбедна ли е водата за пиење во Скопје?
    • Камен пијан предизвикал пожар – Македонската полиција го фати
    • ФОТО: Доктор Дарко петти ден штрајкува со глад – „Кога еден ден ќе погледнам наназад ќе бидам спокоен”
    • Го убил свекорот на својата ќерка, па сам се пријавил во полиција – позната причината за убиството во Бачка Паланка
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Охрид се гради и модернизира -Нови проекти во инфраструктурата, образованието и спортот

    ВМРО-ДПМНЕ: Охрид се гради и модернизира -Нови проекти во инфраструктурата, образованието и спортот

    05.10.2026 во 10:562 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Охрид продолжува со реализација на капитални проекти насочени кон подобрување на инфраструктурата и условите за живот во градот, се наведува во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

    Во тек е изградбата на катна гаража во централното градско подрачје, а се реализира и проектот за изградба на пречистителна станица во Трпејца, со која се очекува да се придонесе за заштита на Охридското Езеро.

    Во изминатиот период, според партијата, реализирани се повеќе инфраструктурни проекти, меѓу кои реконструкција и асфалтирање на улици и патишта, унапредување на водоводната и канализациската мрежа, како и модернизација на пумпната станица „Метропол“.

    Како значаен проект се издвојува и реконструкцијата и уредувањето на плоштадот „Чинар“, со што е изменет изгледот и функционалноста на просторот во старата градска чаршија. Уреден е и „Холандскиот парк“, каде е извршено партерно и хортикултурно уредување.

    Инвестиции се реализираат и во образованието и младинската инфраструктура. Изградена е нова спортска сала во ООУ „Ванчо Николески“, во тек е реконструкцијата на гимназијата „Св. Климент Охридски“, а избрано е и идејното решение за нов Младински културен центар.

    Во соопштението се посочуваат и активностите во областа на спортот, културата и туризмот. Како пример е наведена успешната сезона на ГРК Охрид и освојувањето на ЕХФ Европскиот куп.

    Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека со реализацијата на проектите и континуираните инвестиции локалната самоуправа продолжува со активности насочени кон развој на Охрид.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Газдите бараат да се скратат некои празнични денови – Мора да се работи повеќе

    05.10.2026 во 10:44

    Анализите покажаа – Безбедна ли е водата за пиење во Скопје?

    05.10.2026 во 10:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.