Водата за пиење во Скопје е безбедна и здравствено исправна, покажуваат последните анализи на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Од претпријатието информираат дека Секторот за санитарна контрола во периодот од 28 септември до 2 октомври годинава зел вкупно 400 примероци од водата за пиење – 200 за физичко-хемиска и 200 за микробиолошка анализа.
Примероците биле земени од 45 мерни места на територијата на главниот град.
„Според резултатите од испитувањата, сите анализирани примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење“, соопштија од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Оттаму додаваат дека редовно се следи квалитетот на водата за пиење, со цел навремено да се обезбеди здравствено исправна и безбедна вода за граѓаните.

