На 4 октомври, во 22:20 часот, полициски службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане го лишиле од слобода 25-годишниот Ф.М. од селото Враготурце.
Тој бил приведен по претходна пријава дека во селото предизвикал пожар.
По приведувањето во полициската станица, биле извршени проверки при што било утврдено дека Ф.М. бил под дејство на алкохол. Кај него биле измерени 2,36 промили алкохол во крвта.
По целосното документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

