На 3 октомври, околу 22:40 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода 39-годишниот М.С. и 32-годишниот Б.Н., двајцата од Скопје.
Според пријавеното, пред угостителски објект на подрачјето на Скопје, М.С., Б.Н. и 26-годишниот Х.Д. го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка.
При интервенцијата, кај М.С. и Б.Н. биле пронајдени и одземени два ножа.
По целосното документирање на случајот, од полицијата најавуваат соодветни поднесоци.

