Close Menu
Press24
    Најново

    Дали сте во врска со зрел маж или со мамин син?

    14.05.2026 во 23:44

    Раси на кучиња што жените ги обожаваат: Тие се поврзуваат со своите сопственици посилно од кој било друг

    14.05.2026 во 23:24

    Нова климатска закана: „Ел Нињо“ носи екстремни жештини ширум планетата

    14.05.2026 во 23:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Дали сте во врска со зрел маж или со мамин син?
    • Раси на кучиња што жените ги обожаваат: Тие се поврзуваат со своите сопственици посилно од кој било друг
    • Нова климатска закана: „Ел Нињо“ носи екстремни жештини ширум планетата
    • БиХ ја зголеми старосната граница за служба во армијата на 49 години
    • Иран: Околу 30 бродови поминаа низ Ормускиот теснец во текот на ноќта
    • Црн биланс во Либан: 22 загинати во масовните израелски воздушни напади
    • Рубио од Пекинг: Политиката на САД кон Тајван е непроменета
    • Детали за денешното убиство: Ја избодел со нож 10 пати додека спиела
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Димитриеска-Кочоска: Правиме чекори за да го зајакнеме пазарот на капитал

    Димитриеска-Кочоска: Правиме чекори за да го зајакнеме пазарот на капитал

    26.09.2025 во 11:523 Mins Read
    Министерството за финансии
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за финансии вложува напори да создаде услови за пазарот на капитал, како еден вид мотор на економијата, да работи посилно и постабилно. Тој е извор на енергија за компаниите што сакаат да растат, да иновираат и да отворат нови работни места, затоа нашата цел е да создадеме современ, транспарентен и конкурентен пазар кој ќе ги следи европските стандарди, но и ќе одговара на потребите на домашната економија.

    Министерството за финансии

    Ова го порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која се обрати на отворањето на Годишната конференција на Македонска берза што се одржува во Охрид. При тоа таа истакна дека овој традиционален настан е можност да видиме каде сме, каде одиме и што треба да направиме за да бидеме подобри, односно простор каде се спојуваат новите знаења со искуството, каде домашните компании се среќаваат со меѓународните партнери и каде се раѓаат идеи кои подоцна се претвораат во реални проекти.

    Наведувајќи дека домашниот пазар, иако стабилен тој е релативно мал и често недостасува ликвидност, што е клучен фактор кога компаниите бараат долгорочни средства, особено малите и средните претпријатија, министерката потсети дека во август беше направен важен чекор со потпишувањето на Меморандумот за соработка помеѓу министерствата за финансии на Македонија, Бугарија, Хрвтска, Унгарија, Полска, Романија, Словачка и Словенија.

    „Со овој чекор ја покажавме нашата решеност да не останеме изолирани, туку да бидеме дел од една поширока регионална мрежа. Со поврзувањето на пазарите им даваме шанса на компаниите полесно да дојдат до капитал, да ја зголемат конкурентноста и да најдат партнери надвор од границите на земјата. На тој начин ние не само што го јакнеме пазарот на капитал, туку и ја поттикнуваме економијата да расте побрзо и поодржливо“, потенцира Димитриеска-Кочоска и изрази надеж дека со регионална соработка, преку потпишувањето на овој Меморандум, ќе се обезбеди поголема дисперзија за тргување, односно ќе се зголеми и обемот и квалитетот на тргувањето.

    Пред присутните истакна дека паралелно се работи и на регулаторната рамка и дека се усвоени измени на два клучни закона во оваа област – Законот за финансиски инструменти и Законот за проспект и транспареност на издавачите, а со цел сите учесници да имаат доволно време да се подготват и предвидената реформа да се спроведе квалитетно.

    „Сакаме системот да биде стабилен, доверлив и да работи во интерес на сите. Да ги искориститем сите можности кои се отвораат пред нас, да се поврземе повеќе, да си веруваме повеќе и да бидеме посмели во нашите чекори“, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

    Годишната конференција е традиционален настан којшто го организира Македонската берза, а на кој учествуваат претставници на клучни чинители на финансискиот сектор.

    На отворањето на Конференцијата се обратија  министерката Димитриеска-Кочоска, извршниот директор на Македонска берзата Иван Штериев и претседателот на Комисијата за хартии од вредност Бујаре Абази.  Во воведниот дел за предизвиците на монетарната политика во услови на зголемена неизвесност говореше гувернерот на Народната банка Трајко Славески и главниот извршен директор, НЛБ Љубљана – Словенија Блаж Бродњак.

    Прочитај повеќе

    (ВИДЕО) Хаос на Балканот: Невреме корнеше дрвја во Загреб, град ги заглави возачите кај Ниш

    12.05.2026 во 16:56

    Десет фактори што го намалуваат ризикот од деменција и мозочен удар

    08.05.2026 во 23:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.