Close Menu
Press24
    Најново

    Одлични вести: Падна цената на нафтата

    01.10.2026 во 14:04

    Ивановски, Петровска и Начевски поднесоа предлози за структурни промени во СДСМ на „Бихаќка“

    02.10.2026 во 12:15

    (ФОТО) Муцунски ја пречека Фон дер Лајен во Скопје: Пред нас се конструктивни средби

    02.10.2026 во 12:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Лукровски: Инвестираме во иднината на Карпош со изградба на детската градинка „Пролет 2“, спортски сали и мега-парк
    • Од декември построги услови за кредит
    • Мицкоски: Охрабрени сме од пораките од Фон дер Лајен, но не и од ставот за уставните измени
    • Ѓорѓиевски: Мостот на „Љубљанска“ во функција до крајот на годината 
    • Охриѓанец ја натепал сопругата – заврши зад решетки
    • Кузеска: Фон дер Лајен потврди дека македонскиот идентитет е признаен во ЕУ – Мицкоски да каже како понатаму?
    • Мисајловски: Да го чуваме споменот на хероите кои го дадоа животот за татковината
    • 15-годишник силувал малолетничка, ја снимал и ја уценувал со експлицитниот материјал
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Лукровски: Инвестираме во иднината на Карпош со изградба на детската градинка „Пролет 2“, спортски сали и мега-парк

    Лукровски: Инвестираме во иднината на Карпош со изградба на детската градинка „Пролет 2“, спортски сали и мега-парк

    03.10.2026 во 14:132 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, денеска презентираше отчет за реализираните и започнатите проекти во општината во периодот откако ја презеде функцијата, при што како приоритети ги посочи инфраструктурата, образованието, спортот, животната средина и социјалната политика.

    Лукровски посочи дека во изминатиот период во повеќе населби биле реализирани реконструкции на улици и јавни површини, а започнати се и нови инфраструктурни зафати.

    Меѓу проектите што ги издвои се реконструкциите на улиците „Џумајска“, „Бранислав Нушиќ“, „Трифун Бузев“ и „Атинска“, како и дел од улицата „Јуриј Гагарин“. Во Бардовци, според него, започнала изградба на улиците 5, 6 и 7 и улицата 1687, додека во Долно Нерези се реконструира водоводната мрежа со цел да се подобри притисокот на водата.

    Во делот на комуналниот ред, Лукровски информираше дека од повеќе локации биле расчистени над 3.500 кубни метри наталожен материјал, а биле отстранети и повеќе од 150 хаварисани возила, со што, како што наведе, биле ослободени исто толку паркинг места.

    Како еден од позначајните капитални проекти тој ја посочи изградбата на новата детска градинка „Пролет 2“ во Козле, која треба да има капацитет за 130 деца. Во градинката „Мајски Цвет“, пак, продолжиле интервенциите насочени кон подобрување на условите и исполнување на стандардите за безбедност.

    Во областа на образованието, Општина Карпош обезбедила бесплатни ранчиња и основен училиштен прибор за првачињата, а биле доделени и награди за ученици, првенци на генерација, млади спортисти и нивни ментори. Во ООУ „Лазо Трповски“ биле опремени пет училници, додека во ООУ „Димо Хаџи Димов“ е во тек доградба на училници во соработка со Министерството за образование и наука.

    Во спортот, Лукровски ја издвои изградбата на две нови повеќенаменски спортски сали. Едната се гради во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во Влае и е со површина од околу 1.400 квадратни метри, додека во ООУ „Братство“ е поставен камен-темелник за нова спортска сала.

    Дополнително, во салата „Партизан“ бил довршен нов покриен училиштен базен, а биле реконструирани и повеќенаменски спортски игралишта на повеќе локации во општината. Општината најави и ново одбојкарско игралиште и трибина во ООУ „Владо Тасевски“.

    Во делот на младинските политики, Лукровски информираше дека Општина Карпош обезбедува субвенции за полагање возачки испит, стипендии за талентирани ученици и млади спортисти, како и дека се подготвува отворањето на младински и ресурсен центар во салата „Наум Наумовски – Борче“.

    Општината, како што беше наведено, спровела и субвенции за велосипеди, а преку јавни повици биле поддржани спортски, културни и младински активности.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Охрабрени сме од пораките од Фон дер Лајен, но не и од ставот за уставните измени

    03.10.2026 во 13:43

    Кузеска: Фон дер Лајен потврди дека македонскиот идентитет е признаен во ЕУ – Мицкоски да каже како понатаму?

    03.10.2026 во 13:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.