Close Menu
Press24
    Најново

    Одлични вести: Падна цената на нафтата

    01.10.2026 во 14:04

    Ивановски, Петровска и Начевски поднесоа предлози за структурни промени во СДСМ на „Бихаќка“

    02.10.2026 во 12:15

    (ФОТО) Муцунски ја пречека Фон дер Лајен во Скопје: Пред нас се конструктивни средби

    02.10.2026 во 12:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Половина милијарда евра за проекти во општините
    • МФ: „Стандард и Пурс“ го потврди рејтингот „BB-/B“ со стабилни изгледи- јавните инвестиции и домашната побарувачка го поддржуваат растот
    • ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски
    • СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април – повторно
    • Николоски: Над 7 милиони евра се инвестираат за економски развој на Струмица
    • Дневен хороскоп: Еден знак да очекува понуда за брак
    • Храната во Македонија поскапе за 46%, но статистиката открива изненадувачки податок за куповната моќ
    • Дурмиши: Инфлацијата е стабилизирана
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Половина милијарда евра за проекти во општините

    Мицкоски: Половина милијарда евра за проекти во општините

    03.10.2026 во 12:202 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во реализацијата на капиталниот проект кај Љубљанска, при што истакна дека Владата продолжува со силна поддршка за општините и локалната самоуправа.

    Мицкоски посочи дека од почетокот на мандатот на актуелната Влада, пред околу 27 месеци, за проекти на локалната самоуправа директно од централниот буџет се финансирани околу половина милијарда евра.

    „Оваа Влада, општините и локалната самоуправа ја поддржува како ниту една Влада претходно. Од почетокот кога беше оваа Влада избрана, таму некаде пред 27 месеци, отприлика половина милијарда евра се проектите коишто ги финансираме директно од централниот буџет“, рече Мицкоски.

    Тој додаде дека станува збор за обем на инвестиции во локалната самоуправа кој, според него, не бил реализиран во изминатите децении.

    Премиерот нагласи дека голем број општини веќе подготвуваат проекти за новиот циклус на инвестиции што би бил финансиран од Владата, со цел подобрување на условите за живот на граѓаните.

    „Наша стратегија е да не креираме нови проблеми, а старите да ги решаваме, започнатите да ги довршуваме“, истакна Мицкоски.

    Говорејќи за Скопје, тој посочи дека неколку капитални проекти треба да бидат завршени до Нова година, оценувајќи дека нивната реализација значително ќе го подобри функционирањето на градот и секојдневието на скопјани, но и на граѓаните кои го посетуваат главниот град.

    Мицкоски им честиташе на градоначалниците и советниците кои, како што рече, ја поддржуваат реализацијата на проектите, а посебно ги посочи и пратениците кои се залагаат за повеќе инвестиции во општините од кои доаѓаат.

    „Како претседател на Влада можам да кажам дека посакувам да има уште повеќе проекти коишто ние како Влада би ги финансирале во периодот којшто следи“, порача премиерот.

    Прочитај повеќе

    Николоски: Над 7 милиони евра се инвестираат за економски развој на Струмица

    03.10.2026 во 11:21

    Храната во Македонија поскапе за 46%, но статистиката открива изненадувачки податок за куповната моќ

    03.10.2026 во 10:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.