Close Menu
Press24
    Најново

    Одлични вести: Падна цената на нафтата

    01.10.2026 во 14:04

    Македонската полиција казнува за овој прекршок – Ќе ве „удри по џебот” за 50 евра

    30.09.2026 во 09:31

    Крива Паланка: Татко си го нападнал малолетниот син со нож

    01.10.2026 во 14:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пленковиќ: Вооружувањето на Србија е речиси „шопинг-манија“
    • Мајка ги запоставила децата и дозволила малолетничка да има полови односи
    • Разбојничка кражба во Струшко: 40-годишна жена пријавена за напад врз старец
    • Лашкоска во Рим: Водата мора да биде долгорочен национален инвестициски проект
    • Бела ноќ повторно во Скопје
    • Претседателката се сретна со Фон дер Лајен: Дијалог Скопје-Софија час поскоро
    • Жена нападнала и ограбила 81-годишен дедо
    • Приведен маж од Куманово, ја нападнал својата 68-годишна мајка
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пленковиќ: Вооружувањето на Србија е речиси „шопинг-манија“

    Пленковиќ: Вооружувањето на Србија е речиси „шопинг-манија“

    02.10.2026 во 20:472 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Хрватска внимателно го следи големото воено зајакнување на Србија, кое речиси наликува на „шопинг-манија“ – изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, нагласувајќи дека Загреб ги развива своите вооружени сили исклучиво за одвраќање, пренесе Хина.

    Пленковиќ ова го изјави во Загреб на средбата со баварскиот премиер Маркус Зедер, откако претходно хрватскиот министер за одбрана Иван Анушиќ ги оцени реториката и военото зајакнување на Србија како сè поагресивни.

    – Внимателно го следиме развојот на настаните во Србија – рече Пленковиќ, додавајќи дека ова прашање било разгледано и на седниците на хрватските совети за одбрана и за национална безбедност.

    Според него, военото зајакнување на Србија е „вонреден процес, речиси шопинг-манија низ целиот свет“, што, како што рече, го отвора прашањето зошто Белград се вооружува во толкава мера.

    Пленковиќ нагласи дека Хрватска, како членка на Европската Унија и на НАТО, презема мерки за гарантирање на сопствената безбедност и дека во последната деценија го зголемила одбранбениот буџет за трипати.

    Тој посочи дека способностите што ги развива Хрватска „не претставуваат закана за никого“, туку имаат одвраќачка функција, со цел да не се повтори агресијата од 1990-тите години, и додаде дека Загреб за военото зајакнување на Србија разговара со сите свои партнери, кои се веќе запознаени со развојот на ситуацијата

    Прочитај повеќе

    Делови од телото на жена пронајдени во замрзнувач во Србија, приведен нејзиниот син

    02.10.2026 во 17:52

    Убиен познат бугарски бизнисмен

    30.09.2026 во 16:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.