Close Menu
Press24
    Најново

    Одлични вести: Падна цената на нафтата

    01.10.2026 во 14:04

    Македонската полиција казнува за овој прекршок – Ќе ве „удри по џебот” за 50 евра

    30.09.2026 во 09:31

    Крива Паланка: Татко си го нападнал малолетниот син со нож

    01.10.2026 во 14:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Лашкоска во Рим: Водата мора да биде долгорочен национален инвестициски проект
    • Бела ноќ повторно во Скопје
    • Претседателката се сретна со Фон дер Лајен: Дијалог Скопје-Софија час поскоро
    • Жена нападнала и ограбила 81-годишен дедо
    • Приведен маж од Куманово, ја нападнал својата 68-годишна мајка
    • Сопственикот на „Пулс“ Дејан Јованов-Деко останува во притвор
    • Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп
    • Делови од телото на жена пронајдени во замрзнувач во Србија, приведен нејзиниот син
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Лашкоска во Рим: Водата мора да биде долгорочен национален инвестициски проект

    Лашкоска во Рим: Водата мора да биде долгорочен национален инвестициски проект

    02.10.2026 во 20:092 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, учествуваше на министерската тркалезна маса „Усогласување со европското законодавство и управување со водните ресурси во Западен Балкан“, во рамки на Евромедитеранскиот форум за води, кој се оддржа во главниот град на Италија, Рим.

    Во своето обраќање, Лашкоска истакна дека нашата држава продолжува со усогласувањето на националното законодавство со европското право, со цел европските стандарди да се преточат во конкретни подобрувања за граѓаните и животната средина.

    „Нашата цел е усогласувањето со европското право да го преточиме во побезбедна вода за граѓаните, почисти реки и воден сектор поотпорен на климатските промени. Водата мора да биде долгорочен национален инвестициски проект“, порача Лашкоска.

    Таа нагласи дека водните ресурси и климатските предизвици бараат посилна регионална соработка, размена на знаење и координиран пристап меѓу земјите од Западен Балкан.

    На тркалезната маса беше разгледана и можноста за воспоставување постојан регионален форум за води, како механизам за континуиран дијалог и соработка.

    Лашкоска истакна дека модернизацијата на водната инфраструктура, заштитата на квалитетот на водите и справувањето со сушите и поплавите се меѓу клучните предизвици за водната сигурност и отпорноста на климатските промени.

    Евро-медитеранскиот форум за води е меѓународна платформа за дијалог меѓу носителите на политики, граѓанското општество, академската заедница и бизнис-секторот.  Неговата цел е да поттикне соработка и заедничко дејствување, не само меѓу медитеранските земји, туку и со Европската комисија, земјите членки на ЕУ, земјите од Балканот и Блискиот Исток.

    Прочитај повеќе

    Бела ноќ повторно во Скопје

    02.10.2026 во 19:30

    Претседателката се сретна со Фон дер Лајен: Дијалог Скопје-Софија час поскоро

    02.10.2026 во 19:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.