Close Menu
Press24
    Најново

    Одлични вести: Падна цената на нафтата

    01.10.2026 во 14:04

    Македонската полиција казнува за овој прекршок – Ќе ве „удри по џебот” за 50 евра

    30.09.2026 во 09:31

    Грам марихуана за 800, а кокаин и до 6.000 денари – познат ценовникот на нарко-картелот од Прилеп

    01.10.2026 во 15:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Испланирајте си пред време: Во недела уште во 6 часот наутро се затвораат неколку улици низ Скопје
    • УХМР најавува студено утро и сончево време преку викендот, од понеделник температури под нулата
    • Македонија, Србија, Грција и Бугарија на нов енергетски самит: Во фокус гасните врски и регионалната соработка
    • Перински за измените за боледувањето: Не се скратуваат деновите, нови критериуми се предвидуваат по петтиот ден
    • (ФОТО) Муцунски ја пречека Фон дер Лајен во Скопје: Пред нас се конструктивни средби
    • Ивановски, Петровска и Начевски поднесоа предлози за структурни промени во СДСМ на „Бихаќка“
    • Почина албански државјанин во Кичево – обвинител нареди обдукција
    • Сиљаноски: Нова инвестиција од 6 милиони евра во Мешеишта и реализирани над 51 отсто од изборната програма во Дебрца
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Испланирајте си пред време: Во недела уште во 6 часот наутро се затвораат неколку улици низ Скопје

    Испланирајте си пред време: Во недела уште во 6 часот наутро се затвораат неколку улици низ Скопје

    02.10.2026 во 12:542 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Скопје во недела, 4 октомври, ќе биде во знакот на 22. Виз Ер Скопскиот маратон, поради што дел од улиците и булеварите во градот ќе бидат затворени за сообраќај. Од 06:00 до 14:00 часот, сообраќајот по улиците и булеварите опфатени со трасата на маратонот ќе биде пренасочуван по алтернативни сообраќајници.

    Затворен за сообраќај ќе биде потегот од Рекорд, односно улиците „Македонија“ и „Димитрие Чуповски“, продолжувајќи по булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и улицата „Васил Чакаларов“ до реонот на Хром.

    Затворени ќе бидат и делови од улицата „11 Октомври“, односно потегот од Собранието кон Црвен крст, како и делови од булеварите „Крушевска Република“ и „Трета македонска бригада“, до делот кај Американ колеџ.

    Во Аеродром, со посебен сообраќаен режим ќе бидат опфатени потезите кон Воен базен, Мајчин дом и булеварот „Јане Сандански“, до раскрсницата со булеварот „Србија“.

    На посочените сообраќајници возачите ќе треба да користат алтернативни правци, а конкретното пренасочување ќе се врши во зависност од движењето на тркачите.

    Од Министерството за внатрешни работи апелираат до возачите да го избегнуваат движењето по трасите во периодот од 06:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите и насоките на униформираните полициски службеници на терен.

    Организаторите ги замолуваат граѓаните за разбирање поради привремениот сообраќаен режим и ги повикуваат навреме да го испланираат своето движење во недела, со избор на алтернативни сообраќајни правци каде што е потребно.

    Прочитај повеќе

    Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалскиот натпревар меѓу Македонија и Шкотска

    02.10.2026 во 11:03

    Дефект на улицата Димитрие Чуповски: Дел од општина Центар утрово без вода

    02.10.2026 во 09:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.