Министерот Тимчо Муцунски оствари средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која престојува во посета на Скопје.
Муцунски истакна дека посетата претставува силна потврда за европската ориентација и посветеноста на Владата на реформските процеси.
„Добредојде во Скопје за претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Денеска во Скопје ја пречекав претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Посетата е силна потврда за европската ориентација, посветеноста на Владата на реформските процеси, целосната усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија и јасната определба за напредок во европската интеграција“, наведе Муцунски.
Тој додаде дека за земјата е важен јасен, кредибилен и предвидлив процес, нагласувајќи ја посветеноста кон европските вредности, силните институции и конкурентната економија за подобар живот на граѓаните.

