Close Menu
Press24
    Најново

    Македонската полиција казнува за овој прекршок – Ќе ве „удри по џебот” за 50 евра

    30.09.2026 во 09:31

    Внимавајте кога вадите пари од банкомат: Чекал позади него и го ограбил

    30.09.2026 во 09:13

    Одлични вести: Падна цената на нафтата

    01.10.2026 во 14:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мисајловски: Не може по било која цена да ги прифатиме уставните измени
    • Мисајловски: Регионалните тензии не се директна закана за Македонија, НАТО гарантира безбедност
    • Мицкоски по приемот кај Трамп: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство
    • Ново барање за притвор за газдата на Пулс
    • Димитровски: Советничките прашања се инструмент за транспарентност на Советот
    • Филипче: Се покажаа точни нашите укажувања за српското, унгарското влијание и кинеските пари
    • Филипче: Нема да седам мирен кога е загрозена државата, Мицкоски се однесува душмански
    • Падна одлука во Град Скопје: Намалување на бројот на нови вработувања во јавните претпријатија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мисајловски: Не може по било која цена да ги прифатиме уставните измени

    Мисајловски: Не може по било која цена да ги прифатиме уставните измени

    01.10.2026 во 20:512 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Често пати на состаноците во НАТО кажувам дека ако ние сме таму, во тоа семејство, во таа унија, рамноправни, еднакви, разговараме за воена помош, за трошење средства подеднакво, исти проценти одвојуваме од буџет, зошто не сме еднакви во друго семејство кое е навидум скоро слично, најголем дел од партнерите се внатре, вели министерот за одбрана Владо Мисајловски во „Само интервју“ на Канал 5.

    -Зошто се ние нешто треба да смениме? Јас често пати велам името е променето, променета е химната, променето е знамето, банкнотите се сменети. И ова го кажувам. И во опозиција велевме дали е ова последното нешто? Јас ова го кажувам поинаку бидејќи сум имал можност да работам и во МНР, јас бев дел од таа  комисија за добрососедство. Бев дел тогаш кога не сакавме да прифатиме да нема реципроцитет, да немаме сега проблеми како заедничката историја. И секогаш кога тоа не било прифатено, доаѓа Влада на СДСМ, ветува, и дури сега во изјавите гледате дека има изјави кон Бугарија од македонски политичари, од претседателот на СДСМ и други, рече Мисајловски.

    Министерот за одбрана посочи дека предлогот кој го прифатиле СДСМ и коалицијата, е предлог кој македонскиот народ не го прифаќа.

    -Не може по било која цена да ги прифатиме уставните измени, за утре повторно да имате вие пречка. Ние велиме дали е ова последно нето? Нека се објасни. Добра е иницијативата да седнат ЕУ претставници, па и НАТО претставници. Има иницијатива, ние предлагаме, рече Мисајловски.

    Мисајловски обвини дека во Македонија има политичари кои што на дневна основа би направиле секаква отстапка само за да се прифати нешто што Бугарија го бара.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Се покажаа точни нашите укажувања за српското, унгарското влијание и кинеските пари

    01.10.2026 во 19:32

    Филипче: Нема да седам мирен кога е загрозена државата, Мицкоски се однесува душмански

    01.10.2026 во 19:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.