Close Menu
Press24
    Најново

    Македонската полиција казнува за овој прекршок – Ќе ве „удри по џебот” за 50 евра

    30.09.2026 во 09:31

    Внимавајте кога вадите пари од банкомат: Чекал позади него и го ограбил

    30.09.2026 во 09:13

    Петров: Платформата 12:05 има вербална поддршка од 90% од пратениците на СДСМ

    29.09.2026 во 23:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тошковски за „Безбеден град“: Бројот на жртви во сообраќајот e намален за околу 30 отсто
    • Сообраќајна несреќа меѓу Марена и Сопот: Автомобил удри во велосипедист и го остави повреден на пат
    • МОН воведува две нови категории стипендии
    • Тошковски на Факултетот за безбедност: Најдобрите студенти без јавен оглас ќе добијат работно место во МВР
    • Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради посета на Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен
    • Ловочувари од Велес слушнале истреле – излегле на терен и затекнале 29-годишник со две пушки
    • Тешко повреден малолетник – со мотоцикл се забил во паркиран автомобил
    • Од сеф во ЈП „Паркови и зеленило“ украдени девет пиштоли, 25-годишник кривично ќе одговара
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тошковски за „Безбеден град“: Бројот на жртви во сообраќајот e намален за околу 30 отсто

    Тошковски за „Безбеден град“: Бројот на жртви во сообраќајот e намален за околу 30 отсто

    01.10.2026 во 13:582 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во денешното (01.10.2026) гостување министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на Радио Лидер искажа благодарност до македонските граѓани заради покажаното европско однесување, па дури и поевропски и од самите европјани во одредени делови, заради постигнатите резултати во делот на воспоставениот систем Безбеден град. 

    „Ако лани сме имале 110 жртви за првите 10 месеци, оваа година за истиот период имаме 33 помалку. Тоа е фрапантен резултат, фрапантна бројка. Околу 30% имаме зачувано човечки животи и навистина, повторно им се благодарам на сите учесници во сообраќајот, а тоа во најголем дел се сите македонски граѓани, затоа што, нели, низ Македонија транзитираат и добар дел странците, но во најголем дел се македонските граѓани. И не е само бројката на човечки животи којашто е спасена. Имаме отприлика негде околу 18,5–19% намален број на повредени лица во споредба со претходната година за истиот временски период. Намалена е материјална штета исто така и негде околу над 30% исто така намален број на сообраќајни незгоди со настрадани лица, со повредени лица. Тоа се фрапантни бројки, неспоредливи“, дециден беше министерот Тошковски.

    Министерот за внатрешни работи посочи пример, имајќи ги предвид анализите кои се направени од независноста на Македонија па до денес, дека најмал број на загинати лица во сообраќајни незгоди имаме во 2001 година за време на конфликтот, кога не се возело.

    „Втора најмала бројка е 2021 година, короната, повторно кога не се возило. Тогаш вкупната бројка на загинати е 116 луѓе. Инаку, имаме во овие 35 години бројка од 198 лица коишто годишно загинале низ патиштата во Македонија. Страшно полоши сме од европските бројки. Ако кај нас просек би било негде околу 80-тина жртви по милион жители, во Европа тој број е негде околу 40. Но ако вака продолжиме и со имплементирање на проектот Безбеден град и со имплементирање на сите оние паметни технологии коишто планираме да ги имплементираме во иднина над целата територија на државата, убеден сум дека за многу кратко време можеме да бидеме пример во Европа како сите заедно сме успеале да спасиме еден човечки живот плус, во многу подобри размери него било која друга држава во Европа за толку краток временски период“, посочи министерот Тошковски, искажувајќи уште еднаш благодарност на сите македонски граѓани коишто учествуваат во сообраќајот, заради тоа што тие се тие коишто ја менуваат сообраќајната култура и тие се тие коишто спасуваат човечки животи.

    Прочитај повеќе

    Сообраќајна несреќа меѓу Марена и Сопот: Автомобил удри во велосипедист и го остави повреден на пат

    01.10.2026 во 13:49

    Тошковски на Факултетот за безбедност: Најдобрите студенти без јавен оглас ќе добијат работно место во МВР

    01.10.2026 во 13:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.