На 29/30.09.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Р.Р.(50), А.М.(31), С.А.(33) од Скопје, Д.К. од с.Волково, скопско и Х.А.(32) од Берово, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, грутчеста материја, марихуана и дробилка.
На 30.09.2026 во 03:40 часот, во Полициската станица Тетово се задржани Н.Ч. (33) од Скопје, А.Л. (21) и А.В. (25), двете од Приштина, Р. Косово. Тие биле лишени од слобода на 29.09.2026 од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Рогачево затоа што кај нив при преглед била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.

